20 Април, 2024
0.0439

Четвртата власт во САД не го пушта Доналд Трамп во Белата куќа

Објавено во: Свет 12 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Напнатата предизборна кампања во САД оди кон својот крај, американските медиуми традиционално детално расветлуваат секој нивен чекор, при тоа не само што ги информираат гласачите, но и да формираат мислење за нив. Така „факторот медиуми“ се јавува едвај не одлучувачки за резултатите од претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 8 ноември, пишува РИА Новости.

Главната карактеристика на сегашната кампања стана учеството на формално републиканскиот, а фактички независниот кандидат Доналд Трамп. Ексцентричниот милијардер отпрвин беше виден од елитата на Републиканската партија како „аутсајдер“, чија популарност стана изненадување за сите.

Дел веднаш се обиде да се дистанцира од него - семејството Буш, Мит Ромни, Џон Мекејн. Слично постапија и некои медиуми, традиционално лојални на републиканците. Всушност политиката на масовните медиуми во однос на Трамп стана уште една карактеристика на кампањата.

Влијателното издание Huffington Post, е едно од првите кои застана против милијардерот. Уште минатата година медиумот го обвини политичарот за „серија лаги“, ксенофобија, расизам и омраза кон жените. Потоа редакцијата објави дека не само што ќе ја рефлектира кампањата на Трамп, но и „катастрофалниот ефект“, кој таа го има.

Професорот Томас Патерсон од Харвадската школа за менаџмент потврди уште пред конгресите во текот на летото на Демократската и Републиканската партија, дека Трамп се судрил со невиден притисок од американските медиуми. Тогаш Трамп ја претекнал по бројот на споменувања Клинтон, но во ¾ од случаите тонот на изјавите бил негативен. Меѓу лидерите во критиките се покажале Wall Street Journal, NBC и CNN.

Џефри Сеглин исто од Харвардската школа за менаџмент вели: „Јас не верувам дека сите медиуми се објективни. Јас не верувам дека експертите на CNN, FowNews, MSNBC се објективни, тие дури и не се трудат“.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато