18 Април, 2024
0.0249

Чeтврто место за Иџе на Нирбургринг утре

Објавено во: Стил 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По двете возбудливи трки во ЕТЦЦ шампионатот, на патеката во Монца и на патеката Хунгароринг, во сабота на  27 мај, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе е исправен пред нов предизвик. Го очекуваат двете трки кои се возат скоро истовремено на патеката Нирбургринг.

Стефановски квалификациите кои  предмалку завршија во Нирбургринг, ги заврши на четвртата позиција. Тоа е позицијата од која утре ќе стартува на првата трка. На првата позиција е Шрајбер со Хонда, втор е Фулин, трет Мота, а и обајцата возат Сеат.

Иџе ќе стартува од вториот ред на првата трка утре. Првите четворица се многу блиски, што е најава за интересна трка.

„Во тимот владее добра атмосфера. Посебно по одлично реализираните тренинзи вчера и денес“- изјави оптимистички Стефановски. „Се  е подготвено за трките утре, на кои очекуваме да се покажеме во моќно издание. Очекуваме добри резултати и мошне интересна трка “ додава шампионот.

Иџе има вкупно 15 бода, по двете од вкупно шесте трки во ФИА ЕТЦЦ календарот годинава. Моментално е петти на табелата, каде лидер е Швајцарецот Шрејбер со вкупно 40 бода.

Преносот и на третата трка на ФИА ЕТЦЦ 2017,  ќе може да се следи директно на Еуроспорт 1 и тоа, првата трка во 11:10, а втората во 12:50. Специјализираниот спортски канал  Еуроспорт 2 ќе емитува и посебна репортажа за ФИА ЕТЦЦ во сабота во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре