ЧЕЗ ќе продолжи да дистрибуира струја во Бугарија?
Објавено во: Балкан 11 Мај, 2013
Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“ е на добар пат да ја сочува лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во Бугарија, информираат чешките медиуми. Според бугарскиот министер за економија и енергетика Асен Василев, компанијата успеала да ги отстрани сомневањата дека ги прекршува бугарските антимонополски закони.
Сега се чека на одлуката на Регулаторното тело, кое е независно од Владата, а кое треба да одлучи за ова прашање идниот месец.
Како реакција на големите протести во Бугарија поради скапата струја, бугарските органи во февруари започнаа процес на чешлање на работата на ЧЕЗ и најавија можно одземање на лиценцата за работа на компанијата поради сомневање за непочитување на бугарските закони во врска со јавни набавки.