Добивај вести на Viber
Eнергетската компанија ЧЕЗ поднела жалба до Европската комисија, поради бугарските институции кои, како што тврди, се обидуваат да им ја одземат лиценцата за работа во таа земја.
-Бевме принудени на тој чекор, бидејќи повторно бевме изложени на негативните постапувања на бугарските институции. Побаравме од Европската комисија независна проценка на целата ситуација, со цел нашите и бугарските фирми да обезбедат објективна и праведна постапка“, рекол Томаш Плескач од ЧЕЗ.
Регулаторните органи во областа на енергетиката во Бугарија ги обвиниле фирмите дека давал нарачки на суб-снабдувачите без јавни конкурси, со што се кршат законите во областа на јавните набавки.
Бугарскиот антимонополски орган соопштил дека е започната истрагата за тројца странски дистрибутери на електрична енергија поради сомневање дека соработувале со цел да ги спречат потрошувачите да го променат снабдувачот со електрична енергија.