16 Април, 2024
0.0248

„ЧЕЗ“се жали: Нема основа за одземање на лиценцата и во Бугарија

Објавено во: Балкан 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Поради заканата од Бугарија дека ќе и се одземе лиценцата за работа, чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“  поднесе жалба до Европската комисија .Од  „ЧЕЗ“ посочуваат и дека дел од мерките кои бугарските власти ги преземале во врска за одземање на дозволата се во спротивност како со бугарските, така и со европските правни норми.

Постапката на бугарските власти, според чешкиот дистрибутер на електрична енергија го ограничува слободното движење на капиталот и слободата на делување кои се содржани во основните договори на Европската унија, се вели во соопштението кое го испрати портпаролката на „ЧЕЗ“ Барбора Пулпанова.

„Бевме принудени на овој чекор, бидејќи постојано сме подложени на негативни мешања од страна на бугарските институции. Побаравме од ЕК независна проценка на ситуацијата со цел да и се обезбеди објективна и праведна постапка на нашата бугарска фирма“, изјави Томаш Плескач директор на Одделот на „ЧЕЗ“ за дистрибуција во странство .

Компанијата се жали на начинот на кој започна постапката за одземање на лиценцата, откако Бугарите излегоа на масовни протести поради високата цена на струјата.

„Ние сме апсолутно убедени дека ги почитувавме и се уште ги почитуваме сите бугарски и европски закони. Обезбедуваме целосна соработка со обвинителот или даночните власти како и со антимонополното и енергетското регулаторно тело и очекуваме дека сите овие институции ќе одлучуваат самостојно и во согласност со законот“, оцени Плескач.

„ЧЕЗ“ заедно со чешката фирма „Енерго-пром“ и австриската ЕВН се соочуваат со критики од голем дел од бугарските граѓани кои ги обвинуваат за покачување на цената на електричната енергија. Сп цел да се смират протестите, бугарското обвинителство започна контрола во сите три енергетски компании.

Претходно „ЧЕЗ“ ја изгуби лиценцата за работа и во Албанија.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево