Чиј отказ „вреди“ 13 милиони долари?
Објавено во: Финансии 14 Јануари, 2017
Фудбалскиот клуб Челзи соопшти дека отпуштањето на тренерот Жозе Мурињо го чинело 13 милиони долари.
Мурињо кој сега го предводи Манчестер Јунајтед, е отпуштен од Челзи во декември 2015 година, поради лошите резултати.
Челзи наведува дека раскинувањето на договорот и компензациите го чинеле спрема тогашниот курс 13 милиони долари.
Мурињо тогаш втор пат е отпуштен од Челзи, но во првиот мандат го предводеше тој клуб од 2004 до 2007 година.
Исто така, Челзи наведе дека минатата година имал „посебни трошоци“ и дека за раскинување на договорот со произведувачот на спортска опрема Адидас платил според тогашниот курс 97 милиони долари, како би потпишал договор со компанијата Најк вреден повеќе од милијарда долари.