Чија идеологија следел напаѓачот од Хургада?
Објавено во: Свет 15 Јули, 2017
Напаѓачот од Хургада кој уби две жени и рани четири лица признал дека ја дели идеологијата на „Исламска држава“, иако ИСИС не ја презеде одговорноста, пренесува Франс прес.
Осомничениот за нападот од вчера е 28-годишно момче од провинцијата Кафр ел Шеик во делтата на Нил северно од Каиро, кој бил префрлен во главниот град на Египет на испрашување.
Обвинителството соопшти дека сè уште не се потврдени мотивите на напаѓачот и ги повика медиумите да „престанат да прибегнуваат кон шпекулации и да трчаат пред истрагата“.
Германското Министерство за надворешни работи претходно потврди дека двете жени што беа убиени во нападот со нож на плажа во Хургада се државјанки на Германија.
Напаѓачот препливал од јавната плажа до плажата на хотелот „Захабија“, каде што убил две лица и ранил уште две, а нападнал уште двајца на околната плажа на хотелот „Сани дејз ел паласио“.
Тој бил облечен во црна маичка, фармерки и носел нож.