Чижов тврди дека Русија не е против проширување на ЕУ, но ова им е важно...
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2017
Русија не се противи на проширувањето на Европската Унија, тврди рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов.
Тој најави дека Русија внимателно го следи процесот на евроинтеграции и најави консултации со Брисел за бројни прашања. Додаде дека Русија посакува пристапувањето кон ЕУ да не ги наруши традиционално добрите односи со одделни земји.
„Многу земји кои сакаат да влезат во ЕУ, без разлика дали се земји од Западниот Балкан или Турција, се познати и потврдени трговски и економски партнери на Русија, и затоа внимателно следиме што се случува“- вели Чижов во интервју за порталот „ЕуроАктив“.
Запрашан што е во план на односот на Русија-ЕУ, Чижов рече дека политичкиот дијалог е во тек и очекува консултации „на експертско ниво за широк спектар прашања, од борбата против трговија со дрога до проширувањето на ЕУ”.
Во врска со најавените консултации за проширување на ЕУ, рускиот амбасадор рече дека ќе се разговара за Западен Балкан.