21 Мај, 2024
0.0278

Чоколадна бајка: „Европа“ плати еден милион евра за 422 акции во „Фершпед“!

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Кондиторската индустрија „Европа“ вложи милион евра во акции кои лани не носеа дивиденда, а просечната дивиденда за изминативе три години е 1.600 денари годишно. Ако тој просек се земе за параметар излегува дека менаџерите на „Европа“ вложија 1 милион евра во акции од кои можеби ќе добијат 11.000 евра дивиденда. Има ли економска оправданост оваа инвестиција? Има ли врска тоа што „Фершпед“, најголем акционер во „Европа“, пред седум години ја спаси „Европа“ од „канџите“ на газда Нини? Дојде ли време Сава Димитрова да го врати долгот? Дали ова значи консолидација на Накови и нивните партери во „Фершпед“ оти има најави за борба за контрола на управувачкиот пакет акции во „Фершпед“? Менаџментот на скопската кондиторска индустрија „Европа“ плати 1 милион евра за 422 акции со право на глас во најголемата македонска шпедитерска групација „Фершпед“. Со новите 422 акции (односно 2,33 отсто од сите акции во „Фершпед“) сега „европа“ поседува вкупно 5,61 отсто од сите акции во „Фершпед“. Со тоа „Европа“ стана четврти по големина акционер во „Фершпед“, според официјалната евиденција на Централниот депозитар. Само за да се добие претстава за значењето на износот што „Европа“ го плати за 2,3 отсто од акциите во „Фершпед“ ќе го споредиме со два значајни параметри. Прво износот што „Европа“ го плати за акциите во „Фершпед“ е безмалку три пати поголем од нето добивката на таа компанија и е 8,5 отсто од целиот приход на кондиторската фабрика во 2013 година. Од аспект на менаџирање со финансии оваа инвестициски одлука на менаџерите на „Европа“ е најблаго речено дискутабилна. За еден милион евра да се купат 2,77 отсто од акциите во една компанија не значи никакво влијае врз процесот на управување. Останува само одлуката да се правда со очекувања за дивиденда од тие акции. Но и тоа е повеќе од излитено и скромно објаснување затоа што годишниот дивиденден просечен принос на акцијата на „Фершпед“ е 1.600 денари за периодот 2011,2012 и 2013 година. За влог од 1 милион евра „Европа“ би добила 11.000 евра – ако се мери по просечно исплатениот принос. Тоа е 1,1 отсто !!! На толкава сума секоја домашна банка би дала барем два – три пати повисока камата. Да не елаборираме за тоа дека устите на нашите бизнисмени постојано се полни со зборови за тешки услови за работа, за лоша бизнис клима и за високи банкарски камати. Од каде се еден милион евра во кеш на компанија што има годишен приход од 12 милиони евра? Има ли лицемерие? Водени од потребата за одговори на тие прашање и интересот на инвеститорската јавност пред три дена упативме прашања до менаџментот на „Европа“: -Зошто одлучивте да ги купите акциите т.е. да вложите во акции на „Фершпед“? -Колку вкупно вложивте и од кои извори се тие средства? -Дали „Фершпед“ како најголем поединечен акционер во „Европа“ учествуваше во одлучувањето при носењето одлука за купување акции или се иззема од одлучување? -Дали сите акционери дадоа согласност или барем беа известени за одлуката? До објавувањето на овој текст не добивме одговори на прашањата и доколку добиеме веднаш ќе ги објавиме. Согласно со член 456 од Законот за трговски друштва менаџерскиот тим има право да носи одлуки за зделки до износ од 20 отсто книговодствената вредност на компанијата. Токму по оваа основа одлуката на менаџерите на „Европа“ е легална иако нејзината економска оправданост е многу дискутабилна. Во ситуацијава ликвидни средства во износ од еден милион евра можат да се пласираат само со одлука на директорите. Дополнителна специфика на целиот трансфер дава тоа што „Фершпед“ е најголем поединечен акционер во „Европа“ каде поседува над 21 отсто од сите акции со право на глас. Само за потсетување „Фершпед“ стана најголем акционер во „Европа“ на преодот од 2006 во 2007 година кога српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини се обиде ја формира мнозински пакет акции и со непријателско превземање да стане најголем акционер во „Европа“. Во тој период во пресрет на менаџментот на „Европа“ излезе „Фершпед“ со поддршка од уште неколку домашни компании и го спречи обидот на српскиот бизнисмен Стефановиќ – Нини. Во тој период акцијата на „Европа“ достигна и историски рекордна пазарна цена која надмина 9.000 денари за акција. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте