28 Март, 2024
0.0354

ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ, ИЗГУБЕНИ И ЗАБОРАВЕНИ: Ретвитни оброк!

Објавено во: Економија 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Новогодишните и божиќните празници ја враќаат вербата кај луѓето дека добрината и  хуманоста  постојат. Но кај оние луѓе кои на своја кожа ја искусиле темната страна на животот, без храна, облека, топол дом, без пари и без пријатели.

Ваква е судбината на околу двеста бездомници и социјално загрозени лица кои секоја сабота го очекуваат оброкот кој повеќе од три години го подготвуваат и го делат хуманитарците на здружението “Љубезност”. Тони Станковски кој е еден од иницијаторите за да се роди и заживее оваа идеја,  вели дека  особено за време на празниците кога поголемиот дел од граѓаните го трошат и последниот денар на украсување на домот, изобилство на храна и свечен дочек во некој скап рестран, треба барем за миг да се сетат  на оние кои немаат ниту еден пристоен оброк, живеат со години без греење на минусни температури, а се заборавени од државата и институциите.

Идејата  за саботниот хуманитарен оброк, вели Станковски ја реализирале во моментот кога  решиле  да не ја вртат  главата на страна кога на семафори ќе им се приближи до автомобилот мајка со дете која бара храна или пари, кога   кога во парковите, влезовите, под железничка или од некоја напуштена зграда ќе ги сретне  бездомник и ќе побара помош.

“Почнавме да размислуваме околу оваа проблематика и ние како две- три семејства почнавме од себе да издвојуваме определена сума на средства. Секогаш кога одевме во некој маркет да пазариме за себе, секогаш полневме дополнителна корпа со намирници, кои на крајот од седмицата ги дониравме на некое социјално загрозено или бездомно семејство. Отворивме ФБ страна и таму ги објавувавме сите наши активности. Нашите роднини, пријатели и колеги од работа со текот на времето ни се приклучуваа и не подржуваа”-додава Станковски.

Пред три години  бил реализиран  првиот  настан на поделба на оброци на бездомниците пред Спомен домот на Мајка Тереза во центарот на градот. Оттогаш идејата стана традиција, па активноста секоја сабота привлекува поголема масовност.

“Сега на 31.12.2016 год беше јубилејно три години каде што секоја Сабота се реализира оваа наша активност. Со текот на времето одзивот на примателите на храна се повеќе се зголемуваше, почнавме со 70 оброци, а сега бројката достигнува и до 200. После настанот во Сабота од 13:00-14:00 часот, се упатуваме и на повеќе локации во градот каде што има бездомници и ја доставуваме храната.Во организирањето и реализирањето на седмичниот оброк вклучени се дирекно и индирекно околу 50 волонтери секоја седмица, од кои 20-25 на групно готвење во Петоците попладне (ретвитни оброк),10-15 на спремање оброци во домашни услови, 10 на самиот настан на достава и поделба на оброците.Бројката на луѓе кои даваат подршка на различен начин, од седмица во седмица се повеќе се зголемува” – објаснува Станковски.

Дел од здружението “Љубезност”како што вели може да биде секој оној кој сака да даде дел од себе и да помогне некому кому му е потребна помош, тоа да го прави со љубов, несебично и искрено. Не постои национална или верска бариера бидејќи  имаат  волонтери од сите етнички заедници кои имаат една цел заедно  да прават ВИСТИНСКИ ДЕЛА НА ЉУБЕЗНОСТ.


За денешниот празник се подготвени  175 ресторантски оброци, а ги повикале граѓаните на кои им останала храна од Бадниковата вечер  дирекно да ја донесат и да ја донираат. Состојбата и условите во кои живеат овие наши сограѓани вели е катастрофална. Некои се во подруми, други во напуштени куќи или згради, трети под мостови или под железничка станица. Има бездомни семејства кои живеат покрај Вардар во импровизирани засолништа од картон и најлон. А некои се буквално на улица и  во овие студени зимски денови. Донациите вели не ја решаваат  целосно нивната тешка состојба бидејќи за решавање на нивниот статус потребни се мерки и систематски решенија, кои единствено државата може да ги реализира.

“Тоа не би претставувало голем издаток што не може да се покрие, потребно е само поголем фокус на проблематиката и ништо повеќе.Обично на светските денови и празници, се дава поголемо значење на ранливата категорија  граѓани. Ние се трудиме во текот на целата година луѓето кои се во потреба, го добијат истиот третман, да се чувствуваат достоинствени како и сите останати сограѓани. Во понеделникот,  им беше поделена храна на бездомниците, која беше дел од новогодишната трпеза на граѓаните на Скопје, кои не контактираа а ние ја собравме во првиот ден од годината”- потенцира Станковски.

Овие три години вели  виделе и разбрале за многу човечки судбини, многу болка  и страдање во семејства и личности  со кои животот сурово си поиграл, па така во еден момент имале се, а во другиот завршиле на улица, други пак се мачат со немаштија, болест.

“Неможам да заборавам една самохрана мајка од Бутел која живее со својот 30 годишен син кој е болен од целебрална парализа, шест зими по ред се без греење. Благодарение на хуманите луѓе, на ова семејство им беше купена нова печка на дрва и 6 кубика огревно дрво. Исто така после повеќе од 10 години, им бече искречен нивниот стан. Домот од оваа зима се затопли и засвети во полн сјај и им се врати надежта на ова семејство за подобро утре” – раскажува Станковски.

Нејзината животна мака вели е само една од  илјадниците кои некои од безизлезност ги раскажуваат, други пак ги преживуваат но ги премолчуваат. Затоа Тони Станковски во духот на вистинското христијанство и  традицијата порачува”

“Ако сме вистински христијани, тогаш Исус ни е вистински пример како треба да се однесуваме и да се грижиме за другите. Додека бил на земјата, Тој повеќе им помагал на луѓето, отколку што им проповедал. Одел секаде онаму каде што се тие, ги исцелувал болните, ги нахранувал гладните, ги утешувал тажните...Ако сакаме да бидеме Христолики, тогаш треба да правиме како што правел Тој и на тој начин ќе го прославиме не само неговото раѓање и воскреснување, туку Неговото постоење во целост.Одважете се и излезете од својата конфорна зона на живот, свртете се околу себе и запрашајте се дали можам јас да бидам корисен некому и да му помогнам. Доколку сите луѓе дадат само еден мал дел од себе, нема да има воопшто гладни и боси во светот”…

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат