20 Април, 2024
0.0258

Човекот кој ја најде среќата во Северна Кореја

Објавено во: Стил 13 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Главна светска геополитичка тема овие и веројатно во наредниве недели е и ќе биде Северна Кореја. Оваа држава има жители колку поранешна Југославија и е една од најсиромашнитe во светот. Како што сигурно ви е познато земјата со декади е владеена од семејството Ким и сега на власт е третото колено т.е. лидерот Ким Јунг Ун. И како што обично бива сега е време младиот лидер да ги покаже мускулите на светот со најстрашната работа што ја има под своја контрола – нуклеарното оружје. Според многу западни аналитичари, главната цел е новиот лидер да ја зацврсти својата позиција пред  домашното население и по пат да издејствува некоја концесија за земјата која со години пати од недостиг на храна. Северна Кореја е една од најмистичните земји во светот. Сепак доколку сакате постои можност да ја посетите оваа земја, секако под сериозна контрола на тамошните водичи. Одреден број на западни новинари како туристи успеваат да ја посетат земјата и да донесат снимки кои го шокираат светот. Негувањето на култот на личноста е донесено до трагикомични димезии. Луѓето се индоктринираат уште од мали години, па така за претходниот сега веќе покоен лидер постои приказна дека се родил на планина и дека небото чудесно врежало порака во дрвото,близу до колибата до која се родил. Делува шокирачки за локалните водичи кога јапонски научници кои биле на тоа место рекле дека дрвото е значително помладо од денот на раѓање на лидерот. Дрвото сега е исечено и местото е затворено. Иако оваа лага била откриена режимот е поприлично добар во одржувањето на култот на личноста. Единствени што знаат како стојат работите се вработените во министерството за пропаганда, а тие доволно добро знаат да си ќутат за тоа што го знаат. Но, оваа приказна е за еден човек кој вели дека се што се зборува за Северна Кореја не е точно. Тоа е Џејмс Џозеф Дресно, првиот човек кој пребегнал во Северна Кореја..да, човеков ја заменил САД за Северна Кореја и тоа за време на Корејската војна која го остава овој полуостров поделен. Војна која ја прави Јужна Кореја еден од најголемите економски гиганти во светот, додека Северна Кореја ја остава на семејството Ким, кое пак ја претвара земјата во најголемата и најперверзната пералница на мозоци во модерната историја. Сепак, според Дрезнок, Северна Кореја е сосема пристојно место на живеење. Овој војник како што кажавме погоре пред повеќе од 40 години преминува на страната на Севернокорејците. Соочен со немањето иднина, тешко детство и соочен со воен суд, човекот сметал дека Северна Кореја му е шанса за спас. Корејците го испрашуваат, сфаќаат дека не е шпион и го примаат под своја закрила. После него уште двајца други војници на САД поминуваат на страната на Северна Кореја. За некое време тројцава сфаќаат дека можеби направиле погрешна одлука и бегаат во руската амбасада, барајќи азил во СССР кој не го добиваат. И се враќаат назад. Тогаш Северна Кореја решава максимално да го искористи за пропагадни цели нивното присуство и ги ангажира да држат антиамерикански говори и да глумат во фимови. Токму така, овие војници кои биле никој и ништо во САД стануваат филмски ѕвезди во комунистичката земја. Ги препознава целото население..а и како на би ги препознало со оглед на тоа што и денеска во Северна Кореја има само една телевизија која емитува неколку часа програма, базирана строго на антиамериканска пропаганда. Дрезнер се жени два пати и тоа за некорејски жени, исто како и неговите колеги бегалци. Интересно е што жените кои се мажат со овие луѓе биле киднапирани од нивните матични земји, со цел да се создадат деца шпиони кои ќе работат за Северна Кореја. Ова Дрезнер го негира. Приказната за Дрезнер наголемо и е откриена на јавноста во документарецот од 2006 година, поминувајќи ја линијата во која се опишува неговиот животен пат. Децата на Џон Дрезнер имаат завршено факултет и за разлика од поголемиот дел од Северна Кореја не патат од глад. Џон Дрезнер, човекот кој немал ни средно образование во еден период држи предавања на факултетот за странски јазици во Пјонгјанг – главниот град во кој е привилегија да живееш и каде што се најмали шансите да умреш од глад. Денеска Дрезнер има сериозни проблеми со срцето, поради прекумерното пиење и пушење, но според него, тој не направил никаква грешка што преминал на страната на најголемиот  непријател. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган