20 Април, 2024
0.0268

Човекот кој можеше да биде Бил Гејтс, или денот кога Гери Кидал сакаше да лета…

Објавено во: Анализа 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Дали сте чуле за Гери Кидал?

За жал уште пред многу години, во далечната 1994 овој човек повеќе не е помеѓу живите. Умира во еден бар во Калифорнија, завршува како алкохоличар . Сепак иднината не изгледала така црно за овој компјутерски генијалец. Со оглед на неговите афинетите за екстремни спортови и авантуристички живот, денеска Гери Кидал можеме донекаде да го споредиме и со големиот Риџард Брансон. Сепак Кидал никогаш не успеа да го дистигне ниту Брансон, ниту Бил Гејтс. Е сега, зошто Кидал можеше да биде Бил Гејтс? Легендата кажува дека во летото 1980 година луѓето од ИБМ отишле во посета на компанијата на Кидал и тоа во потрага по оперативен систем за нивниот компјутер. Кидал не сакал да ги прими луѓето од компанијата затоа што....сакал да си лета со авионот. Навредени луѓето од ИБМ отишле да го побараат Бил Гејтс и тука започнува историјата на Виндоус, оперативниот систем на кој што веројатно работите, додека го читате овој текст. Оваа легенда се раскажува од генерација на генерација и добро  им е позната на луѓето од овој сектор. Целата приказна е позната како денот кога Гери сакаше да лета. Нормалниот заклучок е дека одбивањето на тој состанок е една од најглупавите бизнис грешки во историјата. Сепак малку е чудно што еден доктор на науки направил ваков глупав чекор. Дури и неверојатно. Толку неверојатно што оваа приказна има и друга верзија, а таа е следнава... Гери Кидал сепак се сретнал со луѓето на ИБМ но на тој состанокот не успеале да склучат договор и оставиле работите да се решаваат понатака. Компанијата на Кидал имала само неколку производи и не сакала да го продаде својот главен производ набрзина и непромилсено. Но во бизнисот некогаш победува најбрзиот, не најпаметниот. Сега веројатно погодувате дека во приказнава влетува кој друг ако не Бил Гејтс. Гејтс го ангажира Тим Патерсон копјутерски програмер кој добива 50.000 долари за да направи оперативен систем кој ќе се вика МС ДОС. Овој оперативен систем подоцна се покажува дека е неверојатно сличен со оној на Гери Кидал. Е сега додека Гери Кидал се мисли што да прави Гејтс склучува договор со ИБМ и понатака се е историја. Како капак на се за Гери Кидал е моментот кога е поканет на еден настан на универзитот каде што дипломирал и стекнал докторат. Кога пристигнува дознава дека на тој настан почесен предавач ќе биде токму Бил Гејтс. Животот продолжил за Кидал и тој ја продава својата компанија за 120 милиони долари, но сепак како што напишавме на почетокот трагично го завршува својот живот, веројатно до последен ден мислејќи се грешката која ја направил кога бил млад. Многу делови од оваа приказна се непотврдени, тужби низ години имало на сите страни, но една работа е интересна, Бил Гејтс тврди дека приказната кога  Кидал отишол да лета кога требало да продава е вистината. Вистината има изгледа многу толкувања. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!