23 Април, 2024
0.0264

Чудa во исхраната можеби и има, ама фирмите немаат право да ги рекламираат!

Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Рекламирањето, презентацијата и означувањето на прехранбените производи и додатоци во исхраната, дека го подобруваат здравјето на луѓето или се нискокалорични, од следната години ќе биде регулирано со посебен Правилник за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели. Правилникот кој го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство ќе стапи на сила од 1-ви јануари 2014 година, а до тогаш компаниите ќе имаат можност да се прилагодат кон условите во правилникот. Според новите правила, производителите на храна и додатоци во исхраната нема да смеат да ставаат  ознаки и да вршат реклама дека одредениот производ прави чуда во подобрување на здравјето на луѓето. -Овој Правилник е во согласност со европските регултиви, а целат е да да се заштитат потрошувачите од заблуди во однос на на составот на производите. Не може производителот да тврди што сака и со тоа да го доведува потрошувачот во заблуда. Се она што ќе го наведе на производот ќе треба да биде усогласено со овој Правилник. Компаниите имаат доволно време за прилагодување кон новите услови. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе вршат контроли дали копнаиите се придржуваат кон пропишаните услови во Правилникот. Овој Правилник од неодамна се применува и во Европската Унија, каде постојат посебни регистри на одобрени и неодобрени здравствени и нутритивни тврдења, објаснуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Нутритивните тврдења даваат информации за енергетската вредност на производот и хранливите состојки, како протеини, јагленохидрати, масти, влакна, натриум,витамини и минерали. Здравствено тврдење е секое тврдење со кое се сугерира дека постои однос меѓу прехранбениот производ  и здравјето на луѓето, додека тврдење за намалување на ризикот од болест е секое здрваствено тврдење со кое се сугерира дека производот го намалува факторот ризик за појавување на некоја болест кај луѓето. Според Правилникот, употребата на нутритивните и здравствените тврдења не треба да биде лажна, двосмислена или да ги доведува во заблуда потрошувачите, да предизвикува  сомневање во врска со безбедноста на хранливата вредност на други прехранбени производи, да поттикнува на зголемено консумирање на еден прехранбен производ или да ја осудува преголемата консумација на еден прехранбен производ.  Нутритивните и здравствените тврдења треба да се засноваат врз општо прифатени научни податоци. Според овие нови правила значи дека дел од компаниите ќе треба да ја променат амбалажата на некои од нивните производи, како што се на пример  јогурите вклучувајќи ги и овошните, бидејќи на дел од нив има тврдења дека го подбруваат здравјето и имунитетот на луѓето. Во новиот Правилник стои дека здравствени тврдења може да се наведат само ако следниве информации се вклучени во означувањето или ако не постои такво означување, при презентирање или рекламирање, односно треба да биде посочена изјава која укажува на важноста на разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот, количество храна и обрасци на консумирање потребни за да се добие корисниот ефект од тврдењето. Новите правила наложуваат дека  тврдењата кои упатуваат на подобрување на здравјето кај луѓето можат да се означат на производот, рекламираат и презентираат, само доколку тоа е во согласност со правилникот и има одобрување од АХВ. Производителите на храна велат дека примената на овој правилник е важна, бидејќи на тој начин на пазарот ќе разгранични што е лек а што е храна. Упатените во бизнисот коментираат дека досега многу производители во трката за профит, се во состојба да сторат се, па дури и при  рекламирањето на производот да изнесат изјави кои не соодвествуаат со составот на производот, па често пати храната ја презентираат како чудотврона, се со цел да ја зголемат продажбата. Сепак дел од компаниите велат дека примената на овој правилник како и на сите кои се прилагодени кон европските регулативи, за нив ќе значи и зголемување на трошоците. Производителот кој става нутритивно или здравствено тврдење на означувањето на соодветниот прехранбен производ е должен да ја оправда употребата на тврдењето. Според новите услови, Агенцијата може да побара од операторот со храна или од лицето кое го става прехранбениот производ на пазар да ги стави на располагање сите релевантни елементи и податоци за тврдењата кои ја утврдуваат усогласеноста со одредбите од овој правилник. За поефикасно надгледување или мониторирање на начинот на означување, рекламирањето и презентирањето на  прехранбените производи кои имаат нутритивни и здравствени тврдења, производителот треба да ја извести Агенцијата, така што ќе и достави модел од означувањето кое се користи за прехранбениот производ. Одредбите од овој правилник се применуваат и на прехранбени производи наменети за испорака во ресторани, болници, училишта, кантини и во други угостителски објекти наменети за исхрана. Условите од Правилникот не важат за храната која се продава рефус, односно за овошјето, зеленчукот и лебот. Нови правила за рекламирање на производите за слабеење и алкохолните пијалоци Во новиот Правилник постојат ограничувања во однос на рекламирањето и означувањето на производите наменети за слабеење. Така производителот не смее да истакне тврдења кои упатуваат на брзината или на степенот на изгубена тежина, ниту пак тврдења кои упатуваат на препораки на одделни лекари или здравствени професионалци. Во однос на алкохолните пијалоци, оние содржат повеќе од 1,2 волуменски проценти на алкохол, не може да се означуваат и рекламираат како производи кои влијаат на здравјето, туку на нив може да се означуваат нутритивните тврдења. Со Правилникот исто така строго е пропишано дека тврдењата во однос на тоа дека некој производ го намалува ризикот од болест и го зголемува развојот и растот кај децата, може да се наведат единствено ако за тоа даде одобрување Агенцијата. Правила за нутритивни тврдења - нискокалорични декларации Новиот правилник предвидува и посебни правила за нутритивните тврдења, односно за продажбата на нискокалорични производи. За одреден производ точно е пропишано кои нутритивни тврдења може да се наведат. Така тврдење дека храната не содржи енергетска вредност, може да се даде во случај кога производот не содржи повеќе од 4kcal (17 kJ)/100 ml.  Во случај на трпезни засладувачи се применува границата од 0,4 kcal (1,7 kJ)/порција, со засладувачки својства еквивалентни на 6 g сахароза (приближно 1лажичка сахароза). Ако производот содржи мало количество маснотии, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, може да се даде во случај кога производот не содржи повеќе од 3 g маснотии на 100 G производ во цврста состојба или 1,5 g маснотии на 100 ml производ во течна состојба. Доколку храната не содржи шеќери, такво тврдење  може да се даде ако производот не содржи повеќе од 0,5 g шеќери на 100 g или 100ml. Правилникот содржи и ограничувања во однос на нутритивните тврдења кои се однесуваат на присуството на заситетни масти, количество на протеини, влакна, количество на натриум и друго. Ј.С  

Можеби ќе ве интересира

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!