20 Април, 2024
0.0285

Чудесната жена им заработи милиони во кината, а ја платиле очајни 300.000 долари

Објавено во: Стил 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Холивудската актерка Гал Гадот која за прв ја толкува суперхероината „Чудесната жена“ на големото платно на филмското студио WarnerBros за само првиот викенд му донесе над 250 милиони долари заработка од кината ширум светот, но нејзината плата договорена уште во 2014-та изнесува очајни 300.000 долари. 

Тоа докажува дека Холивуд и натаму е место каде машките филмски ѕвезди заработуваат многу повеќе, а во нив филмските студија имаат и поголема доверба дека ќе ги вратат парите на „бокс офисот“. 

Со огромниот успех на WonderWoman кој испраќа позитивна порака за еманципацијата на жените се очекува и платата на Гал Гадот драстично да порасне бидејќи таа треба да се појави во уште најмалку три филмови со суперхероите на DC Comics меѓу кои и блокбастерот Justice league.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган