23 Април, 2024
0.0247

ЧУДНА, НО ИЗДРЖАНА ИДЕЈА НА БИЛ ГЕЈТС: Роботите треба да плаќаат даноци

Објавено во: Стил 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во едно неодамнешно интервју за Quartz основачот на Microsoft Бил Гејтс изразува прилично чудна идеја - роботите кои ги заменуваат луѓето во некои професии, треба да плаќаат исти даноци кои ги плаќал пред тоа и вработениот.

Се разбира, потоа Гејтс појаснува дека мисли на сопственикот на роботот или неговиот производител. Според него парите од овие даноци треба да се користат за подобрувања за луѓето на пазарот на трудот.

Во последно време се повеќе се зборува за тоа како роботите ќе ги заменат луѓето во некои професионални сфери. Гејтс не го негира тоа, но смета дека транзицијата треба да оди мазно и полека. 

„Работниците во фабриките, касиерите и возачите, кои се заменети со роботи, треба да се пренасочат кон здравствениот или образовниот сектор“, смета тој.

Творецот на Micorosoft додава дека автоматизацијата нема да се случи, ако општеството и 'се спротивставува.„Ако луѓето имаат повеќе стравови отколку ентузијазам за иновации, тоа е лошо ... Даноците сигурно ќе се подобар начин да се воведе автоматизација. Инаку се ризикува да биде забранета“, тврди тој.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган