ЧУДО НА БАЛКАНОТ: Се роди бебе тешко само 350 грама
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2018
Во Гинеколошко-акушерска клиника „Народен фронт” во Белград пред три недели е родено девојче од 350 грама, кое е најмало новороденче што преживеало во Србија, пишува весникот „Блиц”.
Девојчето е родено во 28-та недела.
Според директорката на ГАК, проф. д-р Снежана Ракиќ, здравствената состојба на бебето е добра.
„Застој во растот е доста редок случај, и се јавува поради бројни причини, а најчесто тоа е хипертензија, промена на постелката или генетски аномалии. Кај ова бебе се јави многу тежок застој. Бебињата се толкави обично под 20-та недела. Во 28-та недела, бебето треба да биде потешко од еден килограм“ - објаснува Ракиќ.
Ова е најмалото бебе родено во Србија, а досегашниот рекорд го држеше Вук, кој се роди истата болница во 24-та недела, а имаше само 470 грама. Ова дете денес има пет години.
Во Македонија пак во 2014 година е родено бебе со тежина од само 600 грама.