ЧУДО ВО ИТАЛИЈА: Шест луѓе најдени под урнатините
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Шест луѓе се најдени живи под урнатините на хотелот во Италија, кој беше затрупан со снежна лавина, и тие допрва треба да бидат извлечени.
Првиот контакт со преживеаните е воспоставен во 11 часот, пренесува агенцијата Анса.
Во средата хотелот се урна од лавина при што внатре имало 30 луѓе, меѓу кои и деца.
Лавината се случи по земјотреси.
Од снимка објавена од хотелот се гледаа само дрва и врв на хотел.
Досега две лица се спасени.