ЦИА навестува дека Ким може „ненадејно да почине“?
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2017
Шефот на најголемата американска разузнавачка агенција, Мајк Помпео вели дека ако севернокорејскиот лидер ненадејно почине или исчезне, ЦИА ќе молчи за тоа.
Помпео пред безбедносните експерти во Вашингтон изјавил дека агенцијата нема ништо јавно да каже доколку му се случи такво нешто на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун.
„Со сета должна почит, ако Ким Џонг Ун исчезне, со оглед на минатото на ЦИА, јас нема ништо да кажам за тоа. Некој би можел да помисли дека станува збор за случајност. Знаете, се случила некаква несреќа“- изјави Помпео.
Првиот човек на ЦИА реферираше на минатото на ЦИА кога оваа разузнавачка агенција била вклучена во плановите за симнување од власт на лидерите на Иран, Конго и Чиле.
Овие изјави доаѓаат неколку месеци подоцна откако властите од Северна Кореја кажаа дека дознале дека ЦИА се обиделе да изведат атентат врз Ким Јонг Ун со помош на разузнавачките служби на Јужна Кореја, но за таквите тврдења Пјонгјанг не понуди никакви докази.
Помпео меѓу другото предупреди дека Северна Кореја би можела за неколку месеци да го усоврши своето нуклеарно оружје, а додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила против оваа земја, доколку има потреба од такво нешто.
Сепак, Помпео вели дека има разлика во тоа дали Северна Кореја има можност да лансира една нуклеарна ракета и тоа да развие цел арсенал на такво оружје за масовно уништување.