19 Април, 2024
0.0281

ЦИГАРИ, ГОРИВА, АВТОМОБИЛИ: Колку пари внесе Царината во буџетот?

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Цигари, горива, автомобили и електрични машини, ова се увозните производи од кои македонската царина го остварува најголемиот дел од приходите. Царинската управа на Република Македонија во првата половина од годинава оствари приходи во износ од 604 милиони евра, што претставува зголемување од 8,6 отсто во споредба со истиот период во претходната година.

Во однос на проектираните приходи во државниот буџет за 2017 година, Царинската управа оствари 5,7 отсто повисок износ од планираниот, односно наплати 32 милиони евра повеќе.

Според податоците од царината, најголеми приходи се остварени по основ на наплата на данок на додадена вредност (ДДВ), односно 362 милиони евра. Од акциза се наплатени вкупно 196 милиони евра, од царина 41 милион евра, а од надоместоци 5 милиони евра. ДДВ-то зафаќа најголем дел од царинскиот колач кој ја храни државната каса. Овој данок учествува со 59,9 отсто од вкупниот приход на Царинската управа. Акцизните приходи изнесуваат 32,1 отсто, парите од наплатената царина 6,8 отсто, а надоместоците само 0,8 отсто.

ДДВ има репутација на најдобар полнач на државните буџети, па токму затоа и македонската царина оваа година најголемо зголемување на приходите има регистрирано кај оваа давачка. Во првото полугодие, растот е 11,5 отсто во споредба со истиот период од 2016 година. Приходите од царина пораснаа за 8,9 отсто, а од акциза за 4 отсто. Намалување има само кај приходите од надоместоци, кои се помали за 6,6 отсто во споредба со истиот период лани.

Приходите од ДДВ најмногу доаѓаат од увоз на електрични машини, возила, железо и челик, а кај акцизите, главни извори на приходи се тутунските производи и горивата. Наплатата на ДДВ е најмногу зголемена за електрични машини, возила и железо и челик во примарни форми.

Според царината, зголемувањето на наплатените приходи се должи на четири главни фактори, и тоа зголемената финансиска дисциплина на сите учесници во трговијата, подобрување на системот за управување со ризик, насочени контроли кај компаниите по завршена постапка и подобрување на интерните контролни системи.

Инаку, Царинската управа ја заврши 2016 година со вкупно остварени приходи во износ од 1,2 милијарди евра, а според досегашните резултати може да се очекува годинава да биде надминат овој износ.

(М.Б.)

Приходи јануари- јуни 2017

ДДВ

362 милиони евра

Акцизи

196 милиони евра

Царина

41 милиони евра

Надоместоци

5 милиони евра

Вкупно

604 милиони евра

Извор: Царинска управа

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите