Добивај вести на Viber
Ќе се инвестираат уште 2,5 милијарди долари со цел да се остварат Милениумските цели на ОН, до 2015 година, да се преполови бројот на екстремно сиромашните луѓе во светот.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун на министерскиот состанок на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјави дека изгледите да се намали бројот на сиромашните се разликува од земја во земја и потсети дека повеќе од една милијарда луѓе во светот имаат само по 1,25 долари дневно.
Генералниот секретар на ОН изјави дека во постигнувањето на Милениумските цели на ОН инвестирале владите на многу земји, Светската банка и индивидуалните бизнисмени.