28 Март, 2024
0.0262

Црн јубилеј на ЗНМ: Наместо роденден, новинарски штрајк

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

На роденденот на Здружението на новинарите на Македонија, новинарите во весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ стапуваат во штрајк. Вработените под капата на компанијата МПМ бараат исплата на плати и хонорари и одговори од менаџментот за иднината на фирмата.

Ден на македонското новинарство 

Точно пред 71 година во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, „Трудбеник”,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија.За прв претседател едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”.

Визијата на ЗНМ, оттогаш, па до денес е: „Новинарите да работат во медиуми каде се обезбедени основните права и слободи, гарантирани  професионалните и материјалните услови за работа, постои висока солидарност меѓу нив во случаи на прекршување на слободата на изразување и се потврдени професионалните стандарди,  етика и интегритетот на новинарската професија“.

Но, визијата на новинарите е попречена од мисијата на политичарите и бизнисмените.

Пред штрајкот смена во сопственичката структура

Непосредно пред почетокот на штрајкот, бизнесменот Јордан Камчев со фирма „Орка холдинг“ и Јана Станисављева со фирмата „Интернет Инвестмент Груп“ излегоа од сопствеништво на компанија „Графички центар“ која пак го поседува „МПМ“. Сега сопственик на „Графички центар“ е „Издаваштво Телеграф“.

На „Телеграф“ пак сопственик е „Медиа принт Макеодонија“. Од компанијата на Камчев,„Орка холдинг“, соопштија дека пред два месеца е донесена одлуката за истапување од сопственоста, но дека јануарската плата ќе им биде исплатена на вработените.

 „Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 година“, се наведува во соопштението на „Орка холдинг“ испретено доцна попладнево.

Весниците ќе се печатат, неизвесноста ќе продолжи

Штрајкот утре ќе трае четири часа, а од понеделник ќе се зголеми на шест часа. Весниците ќе излегуваат, но во кој формат ќе биде познато денеска. Дознаваме, дека речиси 90 проценти од новинарите застанале зад штрајкот. Освен неколкумина новинари и уредници кои одбиле да се потпишат на списокот на штрајкувачи.

Вработените бараа средба со менаџментот, но и покрај обидите за разговор, наидоа на ѕид од другата страна. Неизвесноста кај нив, по промената на сопственичката структура, сега е уште поголема, бидејќи не знаат дали весниците ќе се продаваат на друг газда или најлошата варијанта е да има нови откази или пак згаснување на дел од медиумите.  

МПМ е издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, порталот „Телеграф“ и магазинот „Теа модерна“.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?