Добивај вести на Viber
Во Црна Гора, во август, бројот на блокирани фирми, споредено со јули, се зголемил за 0,82 отсто. Податоците на Централната банка на земјата покажуваат дека на крајот од минатиот месец биле блокирани 12.590 фирми.
Вкупниот износ на долгот на блокирани сметки е околу 438. милиони евра што е 0,33 отсто повеќе отколку на крајот на јули.
Концентрацијата на долгот, е релативно голем, па десетте најголеми должници се со блокирани сметки од 103 милиони евра. Подолго од една година блокирани се околу 10 илјади фирми со долг од 390 милиони евра.