Добивај вести на Viber
Црногорскиот парламент вчера го изгласа законот со кој данокот на додадена вредност (ДДВ) се зголемува од 17 на 19 проценти, објавија црногорските медиуми.
Влада преку ова зголемување очекува зголемување на приходите во буџетот од 35 до 40 милиони евра годишно.
Тоа, како што појасни црногорската влада, нема да се одрази на стандардот на граѓаните, бидејќи за некои производи обезбеди понизок данок од седум проценти.
Со понизок ДДВ од седум проценти, како и досега, ќе се оптоваруваат главните прехранбени производи(леб, брашно, млеко и млечни производи, бебешка храна, масло, месо и шеќер), лекарства, книги и учебни помагала, весници, компјутерска опрема, ноќевања за туристи, јавниот транспорт, погребалните услуги, билети за спортски и културни настани.