22 Јули, 2017
0.5330

Црни прогнози за жетвата на пченицата

Објавено во: Агробизнис 14 Јуни, 2017

Земјоделците проценуваат дека жетвата оваа година ќе биде многу лоша поради неповолните временски услови, а сценаријата за квалитетот и приносот се многу црни. 

Предупредуваат дека состојбата е толку лоша, што во одредени региони е можно и да нема жетва, што пак ќе доведе до поскапување на лебот и финалните пекарски производи.

„Во иднина е можно зголемување на цената на пченицата и на брашното и другите житни растенија, пекарските и слаткарските производи,“, изјави Горан Ѓорѓиевски, заменик претседател на Агро-бизнис комората.

Од Агробизнис комората бараат државата преку Бирото за стокови резерви да спроведе интервентен откуп на пченицата.

„Во неколку реони, да се откупи 50 000 тона пченица со тоа ќе се реши проблемот на откупот и ќе се зголеми интересот за претстојната сеидба“, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агро-бизнис комората.

Земјодецлите браат откупната цена да биде 12 денари за килограм за да се зголеми интересот за сеидба за следната сезона. Посочуваат дека земјоделците мора да ги применат сите агротехнички мерки за за да добијат поголеми и поквалитетни приноси.

Инаку површините со пченица од година во година се намалуваат а дел од домашните потреби или околу 150.000 тони се покриваат од узвоз. 

Извор: TВ 24


Можеби ќе ве интересира

Најзагрозените земјоделци кои имаат проблеми со откупот на лубеници ќе имаат приоритет

Најзагрозените земјоделци кои имаат проблеми со откупот на лубеници ќе имаат приоритет

Николовски: Сите производители на лубеница ќе добијат неселективна исплата на дополнителната субвенција

Николовски: Сите производители на лубеница ќе добијат неселективна исплата на дополнителната субвенција

Николовски вети соодветни мерки за помош на производителите на пченица и јачмен

Николовски вети соодветни мерки за помош на производителите на пченица и јачмен