29 Март, 2024
0.0251

„Црното злато“ по 10 дена раст, сега се соочува со пад на цените

Објавено во: Економија 02 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Цените на двете главни сорти на нафта во доцните попладневни часови вчера почнаа да паѓаат. 

Вредноста на фјучерсите за месец октомври за нафтата Brent на берзата ICE Futures го достигнаа највисокото ниво од последниве неколку месеци и изнесува 52,89 долари за барел, по што таа почна да паѓа. Трговијата заврши на вредностите околу 51,4 долари за барел.

Цената на договорот за септември за нафтата сорта WTI на берзата во Њујорк (NYMEX) достигна до 50,39 долари за барел, но трговијата заврши кај нивото од 48,7 долари за барел. Цената на нафтата утрово продолжува да се намалува. Октомвриските фјучерси за нафтата сорта Brent на лондонската берза ICE Futures паднаа за 46 центи – и се задржаа на 51,32 долари за барел.

Котизациите за септемвриските договори за лесната нафта сорта WTI на NYMEX поевтини паднаа за 47 центи и се задржаа на 48,69 долари за барел. Силниот долар во моментов е негативен фактор за суровините, вклучувајќи и нафтата.

Освен тоа веќе излезе и извештајот на Американскиот институт за нафта (API), според кој резервите на нафта во САД за оваа недела завршно со 28 јули се зголемиле за 1,8 милиони барели и изнесуваат 488,8 милиони барели.

Сега инвеститорите се во очекување на податоците од Министерството за енергетика на САД за резервите на горива во земјата, кои треба да бидат објавени денеска. Аналитичарите очекуваат стабилизирање на цените.

Инаку, цените на нафтата на светските берзи на 31 јули кратко го достигнаа највисокото ниво во последните два месеца, пред сè поради намалувањето на американските резерви и заканите со можни санкции од ОПЕК кон Венецуела.

Цените на нафтата до 31 јули растеа шест работни дена по ред и пораснаа околу 10 проценти од последниот состанок на земјите членки на ОПЕК и останатите произведувачи на црно злато.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи