ЦВЕТА НЕЛЕГАЛЕН МИЛИОНСКИ БИЗНИС: Италијанците јадат по 50.000 птици од Србија
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2016
Секоја година од Србија се шверцуваат по 50.000 птици во Италија, од кои дел завршуваат и на трпеза.
Овие птици се деликатес во Италија и се јадат со палента, а бизнисот чини милиони евра.
Птиците се од Алексинац и Житораѓа, а се шверцуваат и птици од Бугарија и Романија.
Извори на српски Блиц соопштуваат дека шверцерите не смејат да поминуваат на големите гранични премини и избираат да поминат на мали премини.
Друг начин е преку Дунав да ги префрлат во Хрватска.
Српските птици и преку Албанија и Црна Гора се шверцуваат и завршуваат во ЕУ.