19 Април, 2024
0.0434

Д-Р ВЛАДО СПИРИДОНОВ: Над Балканот се развиваат циклони кои ја немаат таа разурнувачка моќ како ураганите

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Европа воопшто досега, а и во иднина нема да биде мета на урагани од причини што ураганите настануваат во други географски области на планетата, во тропските делови на Атлантскиот Океан (Карибите) или источниот Пацифик, каде како енергија се користат загреаните океански води и други иницирачки фактори, вели за Фактор, д-р Владо Спиридонов државен советник во УХМР и нас. Вонреден професор по метеорологија на ПМФ-Скопје, Институт за физика, а воедно и автор на книгата „Метеорологија.

Објаснува дека во средните географски ширини и Европа се развиваат карактеристични атмосферски системи т.н. циклони или вонтропски циклони кои имаат помала деструктивна моќ од ураганите.

„Над Балканот, кој се наоѓа во средните географски ширини се развиваат циклони кои ја немаат таа разурнувачка моќ како ураганите иако оддлени карактеристични циклони во последно време покажаа голема деструктивна моќ. Човечкиот фактор на директен начин не може да се справува со ураганите. Постојат научни и експериментални обиди уште од 60-те години на минатиот век, да се модифицираат ураганите по пат на засејување со реагенс сребро-јодид во центарот на окото со цел да се намали енергијата која ја поседуваат или силината на ветровите, но истите  не биле доволно успешни. Ураганите претставуваат организирани вртложни атмосферски системи со огромна акумулирана енергија, бурни динамички процеси, силни ветрови и интензивни врнежи. Во Америка постојат центри за набљудување (мониторинг) на ураганите со цел однапред да се прогнозира иницирањето (генезата), еволуцијата и патеката на ураганите. Ова е од суштинско значење за рана најава, аларм, и апелирање на населението каде се очекува наидување на ураганот согласно прогнозите за нивното движење, еволуција како и анализите за неговата патека на движење, категоријата урганот според силината на ветерот, интензитетот на истите како мерка за превенција и ублажување на последиците и огромните потенцијални деструктивните влијанија“ – вели Спиридонов.

Основни услови (или потикнувачки фактори) за формирање на тропските циклони се атмосферските пореметувања, кои настануваат како резултат на појавата на одредени бранови движења, линии на нестабилност, термо-барички системи и фронтални граници, пишува Спиридонов во својата книга „Метерологија“.

„Тропските циклони обично се простираат околу 483 км, иако истите можат значително да ги менуваат своите димензии. Во принцип димензијата не претставува основна индикација за интензитетот на ураганот. На пример, ураганот „Андреј“ (1992), втор најсилен (разурнувачки) ураган кој го погодил северноамериканскиот континент по урганот „Катрина“ во 2005 година, бил релативно мал ураган. Според одреден запис, најголемите олуи од типот „тајфун“ се случиле во северозападен Пацифик на 12 октомври 1979 година, тие биле проследени со силни олујни ветрови, кои се простирале и до 1087 км во радиус. Најмалата олуја била тропскиот циклон „Трејси“ кој се манифестирал со олујно силни ветрови кои се простирале само 48 км во радиус, кога тој го зафатил Дарвин, Австралија, на 24 декември 1974 година. Деструктивните ветрови и дождови кај ураганите покриваат широк појас. Според податоци за Атлантскиот базен, најсилен ураган бил ураганот ”Вилма” во 2005 година, со атмосферски притисок од 882 мб во центарот на тропскиот циклон, и со постојани ветрови од околу 280 км/ч“ – наведува Спиридонов.

Тој објаснува дека тропските циклони секогаш се проследени со обилни врнежи. Интензивни врнежи понекогаш се случуваат неколку денови по лизгањето на земјиштето, и исто така можат да бидат многу деструктивни, и да предизвикаат поплави.

„Поради стрмниот градиент на притисокот, се јавуваат силни ветрови. Брзината на ветерот многу брзо се зголемува,  од близу до нулата во окото на циклонот до максимална вредност, при радиус помеѓу (10 и 100 км) од центарот. Најсилни ветрови се случуваат близу водечката страна (во чело) на олујата. Деструктивната моќ на тропските циклони се јавува не само како резултат на силата на ветерот, туку и како резултат на поради големиот олуен бран и на придружните бранови кои таа ги создава. Олујниот бран се манифестира со брзо покачување на морското ниво, близу до оној дел од обвивката на окото кој е поврзан со ветровите на копното. Овие бранови понекогаш достигнуваат висина поголема од шест (6) метри. Многу од несреќите поврзани со тропските циклони се должат на големиот олуен бран“ – вели Спиридонов.

Секоја година, почнувајќи околу 1 јуни, заливот и земјите од источниот брег се во голема опасност од појава на тропски циклони. 

„За време на Втората Светска Војна, на тропските циклони им биле доделувани женски имиња од страна Американската армија и метеоролозите при морнари¬цата (по нивните девојки или жени) кои ги набљудувале и прогнозирале тропските циклони над Пацификот. Од 1950 до 1952, тропските циклони во северниот Атлантски Океан биле идентификувани со фонетската азбука, но во 1953 Американскот биро за прогноза на времето се повратиле на женски имиња. Во 1979, Светската метеоролошка организација (СМО) и Американскиот национална служба за прогноза на времето (НОАА) преминале  кон листа имиња кои исто така вклучувале машки имиња. На тропските циклони во северозападната област на Пацифик, официјално од 1945 година им биле давани женски имиња, и машки имиња биле истотака вклучени во почетокот на 1979 г. Од 1 јануари 2000, тропските циклони во областа на северозападен Пацифик сега се именуваат со нова и многу различна листа на имиња. Новите имиња се Азиски имиња за кои придонес дале сите нации и територии на Тајфунскиот Комитетот на СМО“ – пишува Спиридонов во „Метеорологија“.

Во последниов период на американско тло се случија ураганите Харви, потоа ураганот Ирма кој   направи големи штети на Карибите и на Флорида, а во правец на Ирма се движеше и ураганот Хозе. Од  Ирма животот го загубија околу 60 лица на Карибите и најмалку уште 9 лица на Флорида. Се очекува ураганот Марија да помине над Мартиник и Доминика, движејќи се кон некои од областите кои претходно беа разурнати од ураганот Ирма. 

Извадоците од „Метерологија“ подлежат на авторски права и не смеат да се копираат

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени