24 Април, 2024
0.0281

Да не се заборави

Објавено во: Македонија, Колумни 24 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

 Дваесет и четврти декември, во летото Господово две илјади и дванаесетто, ќе биде запаметен, не само кај мене, туку и кај секој свесен и совесен граѓанин, како денот кога се урнисаа темелите на демократијата во нашата држава. Ден во кој злото виеше оро, ден во кој насилството бликаше на сите страни, ден во кој злобата искри фрлаше од устите и делата на некои луѓе-не луѓе, ден во кој пакоста се искачи на пиедестал на вредност кај некои народни избраници и вршители на јавни функции, ден кој ја урниса и така кревката демократија, која до тогаш се држеше на стаклена нога.

  Многу лоши и тажни спомени кај мене буди тој декемвриски ден, многу црни мисли се уште ми шетаат низ мозочните виуги, многу негативни емоции изпливуваат на површина, кога само за миг ќе се сетам на тоа злокобно декемвриско утро. И секоја година, во духот на проштевањето и во духот на мирољубивоста, пробувам да најдам барем тронка оправдување кај оние кои го режираа тоа сценарио, ја напишаа декемвриската крвава драмолетка и секако ја поставија на пиедестал. Но не можам, ни тронка оправдување кај мене нема за сето зло посеано тој ден.  А за успешната престава, која заврши со немил крај, аплаузи имаше, но од оние со погани усти, со зол јазик и горлива душа, од оние кои на злоба и лошотилок се радуваат и на тага и насилство ликуваат.

Злокобно декемвриско утро

  Тоа тмурно декемвриско утро ќе ме прогонува уште долги години и ќе ми ја кине душата и ќе ми го распарчува срцето, бидејќи она што го доживеав и видов тој ден, наликуваше на Хобсовата-BELUM OMNIUM CONTRA OMNES или ВОЈНА НА СЕКОЈ ПРОТИВ СЕКОГО. Мојата маленкост тоа утро беше поделена на две, од една страна, болката на мојата мајка која требаше да замине во болница и да направи одредени испитувања, и од друга страна, мојата совест која ме повикуваше веднаш да заминам пред законодавниот дом бидејќи за мене демократијата и слободата се врвни вредности кои ги почитувам и за кои се борам.

Пишувам и плачам, со распарчена душа, боли и пече

  Прв пат ова го споделувам, пишувам, а река солзи ми лијат, без престан, но иако болката е голема, жедта за вистина и правда е поголема. По природа сум човек кој не прави компромиси, но тоа утро направив. Прво заминав со мајка ми на лекар, но нејзините зборови уште ми одзвонуваат во ушите-оди мајкина, јас ќе ги почекам резултатите, твоето место е таму, те воспитував цел живот да бидеш правична, да ја сакаш и почитуваш слободата, да ја развиваш демократијата, оди и не дозволувај никој да ни ја земе слободата и демократијата, бидејќи твојот дедо се бореше за неа и ти ја донесе. Ја послушав, искрата пламна во мене и пешки, молчешкум, но со брзи чекори, заминав пред Собранието на Р.Македонија. Потоа се се случуваше како во некој трилер или хорор филм, камења од сите страни, опколени, небаре сме терористи од највисок вид, а ние само голораки добронамерници кои си ја сакаат демократската и слободарска држава.

  Епилогот го знаеме, вулгарности од парламентарци, вулгарности толку ниски што не се достојни на човековиот род, насилство врз избрани пратеници, насилство врз бремени жени, бркани и малтретирани новинари, безобразие без преседан. И до ден денес не ми е јасно како некои луѓе можат без трошка страм да ги гледаат снимките од тој црн понеделник, како можат мирен сон да имаат наспрем вресокот на бремена жена која е тепана, како можат да шират хипокризија дека се борат против насилство врз жената, а тогаш биле неми сведоци на сурово насилие, како не ги мачи внатрешниот судија-совеста....И секако се запрашувате, а мирно ли спијат? Јас се уште не и се уште морници ме лазат бидејќи последните зборови на мојата покојна мајка беа врзани за оние кои ни ја урнисаа слободата, правдината и демократијата, се уште сеќавањата се свежи и ме потсетуваат дека има луѓе за кои моралот е мисловна именка, а амебите и парамециумите им се поблиски во однос на нивното рацио.

ВО ИМЕТО НА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ МЕЃУ НАС, А БИЛЕ БОРЦИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ДЕМОКРАТИЈА, НО И ВО ИМЕТО НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ И  ИДНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА, ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ, НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБОРАВИ.

Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП