20 Април, 2024
0.0267

Елизабета Петровиќ

Да се биде учител...

Објавено во: Колумни 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

... Но не било каков - да се биде доволно добар учител!

Некој кој на патникот ученик му го покажува вистинскиот пат.

Се грижи за оние кои утре ќе станат одговорни за себе, за другите луѓе и природата.

Втор дом му е училницата во која се случува и се гради живот.

Трага по можности и алтернативи, а се бори со бариери и ограничувања.

На децата им дава безрезервна поддршка, за да го пронајдат и развијат она по што се посебни и во што се талентирани.

Менува, без да чувствува надмоќ.

Доволно строг и доволно нежен.

Не заборава дека разговорот е храна за детскиот развој.

Сократ, кој  знае дека не знае.

Со реални очекувања – превисоките фрустрираат, прениските не носат оптимален развој.

Знае дека секој може да биде успешен ученик, секој е добар во нешто, никој во сѐ!

Математиката за него првенствено значи: паралелка = второ семејство

Не помислува дека треба да храни поткажување меѓу соучениците.

Ја заслужува  детската доверба и детската почит.

Училиштето го гледа како училиште за сите деца.

Верува во инклузијата, затоа што верува во моќта на прифаќањето.

Никогаш не заплашува и не се потсмева.

Сака!

Сфаќа дека некои родители му ги довериле своите деца, кои се родиле за да станат луѓе!

Соработува со семејната сложувалка за  да  успее да го разбере детето кое живее  во неа.

Има солидно знаење и јасен план, па може успешно да импровизира. Планираното може да почека, ако некој  е тажен, среќен, вознемирен...

Не ги избегнува тешките прашања, правејќи се дака не постојат.

Го охрабрува  секое дете  да биде свој адвокат.

 Дава доверба, па неговите ученици можат да градат самодоверба. Полека успева  контролата да ја замени со нивната самоконтрола.

Не се лути и не прекорува кога некој многу пати се обидува и не успева... едноставно  помага и подава рака.

Привилегиран е затоа што добива прекрасни насмевки, цртежи, пораки и порции гушкање.

На посебен начин е поврзан со своите ученици.

Има професија која е најблиска до родителската улога.

Како и секој доволно добар родител, доволно добриот учител понекогаш греши, затоа што сите деца се различни и сите деца се исти – невозможни :)

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок