29 Март, 2024
0.0263

Да ти се смати од камати!

Објавено во: Финансии 15 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Речиси по 4 милиони евра Владата дава само за камати. И тоа месечно. Цената што ја плаќа за позајмените пари е се поголема. Па така, ако во март по основ на камати за земените кредити од буџетот се потрошија 1.7 милиони евра, во мај сумата достигна 3.8 милиони евра. Оваа година, според буџетските  проекции, за владините задолжувања ќе платиме вкупно 66 милиони евра камата. Извештаите од министерството за финансии покажуваат дека значително се зголемува износот за отплата на позајмените пари на домашниот финансиски пазар. Тоа е резултат на порастот на внатрешниот долг на централната Влада кој што само за еден месец се зголеми за дополнителни 19 милиони евра, па заклучно со мај надмина 1 милијарда и 67 милиони евра. Овие пари Владата главно ги позајмува преку државни хартии од вредност, односно записи и обврзници што ги издава министерството за финансии. Ако се соберат и парите позајмени од меѓународни финансиски институции, тогаш вкупниот долг надминува 2 милијарди 731 милион евра. Долгот на државата е поголем од буџетот на државата Ова значи дека Владата должи повеќе отколку што е буџетот на целата држава. А притоа, „мува не ја лази“!Министерството за финансии не одговори на прашањето на Фактор - дали растот на долгот, а со тоа и на каматите што се плаќаат од пари граѓаните, не е сигнал дека треба да се подзапре со позајмување и позајмување...?! Во молкот на оние кои задолжуваат, се огласија задолжените. Експертската јавност пресмета- четирите милиони евра фрлени месечно за камати се всушност по четири километри автопат секој месец. Или за една година сами би можеле да си ја изградиме фабриката што ја чекавме од Шишеџам за да реализира годишно производство од 45 милиони евра и да вработи 300 невработени. „Владата мора да крене рачна!“ е пораката што експертите ја кажаа директно, а Народна банка и ММФ суптилно. Универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров алармира: „Дефинитивно е јасно дека долгот дојде до висока граница што станува ризична. Упатувам на претпазливост. Со оглед дека врз приходите не може да се влијае и полнењето на буџетот не може да се менува, треба да се води сметка за трошењето, односно празнењето на буџетот“. Според професорот, Владата мора да изготви среднорочна фискална стратегија што ќе овозможи постепено намалување на задолженоста на земјава и дупката во државната каса. Неочувано, проблемот го потврди и монетарната власт. „Фискалната политика одигра клучна улога во време на економска криза, но на среден рок државата мора да го намали буџетскиот дефицит за да не биде загрозена одржливоста на јавниот долг. Македонија мора да размислува за фискална консолидација што значи средување на буџетските дефицити на ниво кое што нема дополнително да го зголемува јавниот долг. На среден рок треба да се размислува во таа насока“- порача гувернерот на Народна банка. А, штом Димитар Богов се осмели да му пркоси на Ставрески, нема дилема дека состојбата е ризична. Всушност, Богов само се согласи со Меѓународниот монетарен фонд, колку и да е тоа болно за актуелните владини политики. Во својот последен извештај ММФ јасно порача дека зголеменото јавно трошење, како антикризна мерка, ја одиграло својата улога и сега Владата мора да воспостави фискална стратегија со која што на среден рок ќе го намалува и долгот и буџетскиот дефицит. Тоа е тоа - конечно треба да се напушти политиката „задолжување за раздолжување“ и да се премине кон „штедење за раздолжување“! Македонија ја очекуваат тешки години: според сегашната состојба, наредната 2014-та кон странство мора да вратат околу 150 милиони евра; годината потоа, во 2015-тата, 500 милиони евра; во 2016-та и 2017-тата ќе доспеат по околу 400 милиони евра. Ако старите кредити се враќаат со нови, тогаш цената на задолжувањето ќе биде уште повисока поради намалениот кредитен рејтинг на земјава од агенцијата S&P. Па се додека власта живее на рати, ние ќе и плаќаме камати... Х. С.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка