23 Јуни, 2017
0.1604

Дачиќ бара осуда за големо албанските идеи

Објавено во: Балкан 21 Април, 2017

Шефот на грчката дипломатија,  Ивица Дачиќ вчера изјави дека Европската Унија, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на последните изјави на албански политичари за соединување на Албанија, Косово и на три општини од југот на Србија, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.

Во реакција на изјавата на претседателот на општината Бујановац, Јонуз Муслиу, дека унијата на Албанија и на Косово „би била бесмислена без Прешевската долина и без Медвеѓа, Бујановац и Прешево“, која денеска ја пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на агенцијата „Прешева јон“, Дачиќ рече дека албанските политичари стануваат „главна закана за мирот и стабилноста на Балканот и на Европа“.

„Координираните изјави на Рама, Тачи и Муслиу покажуваат дека „голема Албанија“ е цел на сите Албанци. Денеска Муслиу на тоа го додаде Ниш, утре ќе го додаде Скопје, Улцин, Епир. Ќе кажат ли нешто ЕУ, САД и Велика Британја за ова. Ако не го направат тоа и овој пат, кога „голема Албанија“ ќе стигне до Ниш, ќе бидат директно одговорни за последниците“ – изјави Дачиќ.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи вчера изјави дека доколку ЕУ ја „затвори вратата“ за Косово „сите Албанци во регионот ќе живеат во една единствена држава за да може да се продолжи со интеграцијата во европското семејство“. Еден ден претходно, премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не ја исклучува можност од унија на Косово и Албанија доколку биде запрена интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Балканската рута не е затворена, туку е пренасочена?

Балканската рута не е затворена, туку е пренасочена?

Се урна хеликоптер северно од Атина

Се урна хеликоптер северно од Атина

Побрзајте, куќа на село за 1000 евра

Побрзајте, куќа на село за 1000 евра

Грчкиот премиер Ципрас со порака за надеж за соработка со Заев

Грчкиот премиер Ципрас со порака за надеж за соработка со Заев

(ВИДЕО) Димитров за БГНЕС: Новата Македонија која се роди од една агонија нема комплекси

(ВИДЕО) Димитров за БГНЕС: Новата Македонија која се роди од една агонија нема комплекси

(ВИДЕО) АКТЕРСКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Почина актерската легенда Ѓоша

(ВИДЕО) АКТЕРСКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Почина актерската легенда Ѓоша

Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија

Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија

Нов силен земјотрес во Егејско Море, на удар е Измир

Нов силен земјотрес во Егејско Море, на удар е Измир

ПРВИ ВО ЕВРОПА: Во Македонија и Србија ова е евтино...

ПРВИ ВО ЕВРОПА: Во Македонија и Србија ова е евтино...