Дачиќ: Каков став ќе имаат за нашето најважно прашање, таков став ќе имаме ние за нивното
Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2017
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ преку српските медиуми даде одговор за тоа дали знае во која земја дошол денеска, дали во Македонија или БЈРМ.
„Каков став ќе имаат за најважното прашање за нас, таков став ќе имаме и за нивното прашање. Без лутење и расправии, само чиста сметка“ - се огласи Дачиќ преку српски Блиц.
Тој денеска присуствуваше во Скопје, на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи и енергетика на западно-балканската шесторка која ја сочинуваат Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски прашан дали добил објаснување од Дачиќ за неговата изјава дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име и дека во понатамошните мултилатерални односи треба да користи ПЈРМ, Попoски кажа дека Дачиќ му одгoворил „не различно од она што јавно ко кажа“.
Дачиќ претходно изјави дека Македонија не треба да се лути што Србија ги штити своите интереси и дека во меѓународната комуникација ќе го користи името БЈРМ доколку земјава повторно гласа за прием на Косово во УНЕСКО. Тој кажа дека биле будали што ја признале Македонија под уставното име.