Дачиќ: На македонскиот народ од север не му се заканува никаква опасност
Објавено во: Балкан 25 Август, 2017
Република Србија сака да воспостави и понатаму да одржи пријателски односи со Република Македонија и не сака да биде вовлечена во некакви игри, вели српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Додаде дека Србија не ја променила одлуката по однос на името на Македонија.
„Сакам да пренесам до македонскиот народ дека од север, од Република Србија не му се заканува никаква опасност. Република Србија нема намера да оспорува ништо што е поврзано со Република Македонија, ниту држава, ниту нација, ниту друго“ – истакна Дачиќ.
Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кој бил инвовлиран во разузнавачките активности за кои беше обвинета Македонија, Дачиќ кажа дека сознанијата што му ги пренел на македонскиот колега, но не се однесувале на Владата.