19 Април, 2024
0.0352

Дачиќ со нова порака до Македонија: Знаеме што сте договарале

Објавено во: Балкан 22 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Ивица Дачиќ изјавил дека одлуката Србија да го повлече персоналот од Амбасадата во Македонија е всушност порака до Скопје дека Србија знае што се договарале и што договориле.

Тоа е, како што истакнал министерот за надворешни работи на Србија, цитиран од српскиот сајт Б92, нешто што не им се прави на пријатели. И покрај тоа, додава Дачиќ, Србија сака добри односи со сите држави во регионот, поради мир и стабилност.

Со тоа вели, Србија сака да ја смири новонастанатата ситуација со Македонија која не се заснова на претпоставки, туку на недвосмислено утврдени работи кои говорат за зголемено офанзивно дејство спрема Србија.

Дачиќ гостувајќи во утринската програма на Пинк рекол дека се што се случило во последните денови ќе биде предмет на разговор со нивните дипломати но и со колегите во Македонија. Најави дека српскиоит претседател Вучиќ утре ќе разговара со македонскиот премиер Зоран Заев и дека тој ќе се слушне со својот колега Никола Димитров.

И премиерката на Србија Ана Брнабиќ, вели ќе има прилика да се сретне со Заев на еден меѓународен собир овие денови.

„Ние се трудиме да разговараме но да ги заштитиме интересите на својата земја и да не го загрозиме мирот и стабилноста во регионот. Тоа за што говориме, на сите да им биде јасно, ништо не спаѓа во домен на наши претпоставки туку постојат недвосмислено утврдени работи кои говорат за многу зголемено и исклучително офанзивно дејство кон институциите и Република Србија и персоналот на Амбасадата во целина во Скопје“, рекол Дачиќ.

Многу е важно, додал тој, да знаеме во каква околина нашиот персонал работи во Амбасадата во Скопје.

„Ние од сето ова мора да извлечеме некои поуки за начинот на нашето организирање“, рекол Дачиќ истакнувајќи дека Србија не преземала и не презема ништо против Македонија во сите овие години.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот