Дачиќ вели дека Србија сака во ЕУ, но не со признавање на Косово
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2017
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ вели дека полноправното членство во Европската унија претставува апсолутен надворешно-политички приоритет на Белград, но Србија нема да ја признае независноста на Косово за да стане членка на Унијата.
„Ние сакаме договор, сакаме праведно и трајно решение, но нема никогаш да ги признаеме едностраните акти, па дури ни по цена да влеземе во ЕУ. На пријателите кои ни помагаат во сето тоа, во смисла на политичка поддршка за нашите ставови, им должиме голема благодарност, а меѓу нив ја вбројувам и Аргентина, како еден од најзначајните партнери за Србија“ - изјави Дачиќ.
Деновиве Гвинеја Бисао ја повлекла одлуката за признавање на Косово од 2011 година.Дачиќ на 31 октомври изјави дека Суринам ја повлече одлуката за признавање на независноста на Косово.