25 Април, 2024
0.2180

Дајнерс Клуб Белград со мега скандал, раководството со години вршело злоупотреби

Објавено во: Балкан 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Голем скандал го потресе Дајнерс Клуб Интернешенел Белград откако компанијата до надлежниот суд поднесе барање за започнување на стечајна постапка поради многу лошата финансиска состојба. Дајнерс Клуб во Белград беше преземен од Ерсте Кард Клуб, но при склучување на договорот биле криени клучни информации за состојбата на фирмата и за нејзините загуби од неодговорното однесување на претходното раководство кое се верува дека со години вршело злоупотреби. 

Ерсте Кард Клуб соопшти дека морале да поднесат барање за стечај со цел да се утврдат вистинските обврски на Дајнерс Клуб Белград кон корисниците и доверителите бидејќи претходно со години финансиските извештаји биле најверојатно фалсификувани.

Побарана е и консултација со давателите на франшизата на Дајнерс Клуб во САД за тоа на кој начин ќе продолжи да работи компанијата на територија на Србија, особено што корисниците на картички имаат сериозен проблем со платниот промет.

Народната банка на Србија посочи дека ниту купувачот Ерсте Кард Клуб и по две години на темелно „скенирање“ на Дајнерс Клуб Белград не успеале да откријат какви се недостатоците. 

Гувернерката Јоргованка Табаковиќ пред медиумите рече дека се работи на решение за трговците да не бидат оштетени. Органите на прогонот мора да спроведат темелна истрага и да ги пронајдат виновниците во претходното раководство на ДКИБ.

Кредитните картички на Дајнерс Клуб Интернешенел Белград ги користат околу 35 илјади граѓани на Србија. Со работа во оваа земја започна во 1992-ра, но не беше под надзор на НБС бидејќи бил регистриран како приватна фирма. Сега е поднесено барање да се регистрира како институција во платниот промет, но со стечајната постапка и истрагата за злоупотреби работата е стопирана.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)