ДАЛЕКУ СМЕ ОД УБАВ ЖИВОТ: Балканот посиромашен од пред 30 години
Објавено во: Економија, Балкан 15 Јуни, 2017
Директорот на проектот за Балканот на Европскиот институт CIFE, Ник Тобијас вели дека Балканот сега е посиромашен од пред 30 години и дека ќе му требаат 25 години за да го достигне стандардот на ЕУ.
Толку години се потребни ако растот биде 3 до 4% годишно.
Целта на иницијативата „Berlin proces plus" е да ја намали заостанатоста на балканските земји зад она што како резултат го има ЕУ.
Ако економски се поддржат земјите, јазот ќе се намали.
Не е важно дали земјите ќе бидат дел од ЕУ како членки, туку економски да ги стигнат земјите од ЕУ.
Се наведува дека некои земји успеале, а Хрватска во тоа не успеала.