28 Јули, 2017
0.2106

По остварените приходи од продажба „Макпетрол“ влегува и во конкуренција на петте најголеми ланци на супермаркети за малопродажба

Дали 40 отсто од профитот на „Макпетрол“ е од продажба на сладоледи, смоки, чоколади?

Објавено во: Анализа 13 Јули, 2017

„Макпетрол“ има раст на маржата од стоките за широка потрошувачка за 19 отсто во однос на 2015 година. Растот на приходи изнесува 15 отсто и тие лани достигнаа 24 милиони евра. Можно ли е профитот од овие стоки да биде 40 отсто од целиот профит на „Макпетрол“ лани?

„Макпетрол“ лани остварил 24 милиони евра приходи од продажба на сладоледи, чоколади, смоки, сендивчи, ароматизери, грицки и други производи од малопродажба кои ги продава на своите 140 бензински станици ширум земјава. Неговите приходи од продажба на овие стоки лани во однос на 2015 година пораснале за 15 отсто, а маржата е зголемена за 19 отсто односно за една петина повеќе од профитот од продажба на овие стоки што го оствариле во 2015 година. За профитот што „Макпетрол“ го остварува од продажбата на овие стоки на своите бензински пумпи нема издвоен официјален податок во годишниот извештај на компанијата. 

Единствено што може да се најде како податок е тоа дека компанијата има раст на продажбата на овие стоки за 15 отсто и раст на маржата од продажбата за 19 отсто лани во споредна со 2015. При тоа приходите од продажба на стоки за широка потрошувачка лани се 9 отсто од приходите од продажба на „Макпетрол“, а во 2015 година биле неполни 7 отсто. 

Приходите од продажба на деривати се 240,5 милиони евра.  Доколку се земе за релевантен параметарот дека просечната маржа е 10 отсто од приходот на стоките за широка потрошувачка во тој случај добивката на „Макпетрол“ од малопродажбата на овие стоки би била околу 2,4 милиони евра, а веројатно е дека е повисока од тој износ. Вкупната нето добивка на „Макпетрол“ е околу 6 милиони евра. Доколку проценката за висината на маржата е соодветна тогаш профитот од продажба на овие стоки за широка потрошувачка учествува во профитот на „Макпетрол“ достигнува и 40 отсто од целата добивка.

„Макпетрол“ јако конкурира на големите ланци супермаркети!

По остварените приходи од продажба „Макпетрол“ влегува и во конкуренција на петте најголеми ланци на супермаркети за малопродажба кои „Фактор.мк“ ги објави пред еден месец. Линкот од рангирањето на најголемите малопродажни ланци за стоки од широка потрошувачка може да ги превземете на следниот линк.

Според официјалните податоци „Макпетрол“ според остварените приходи од продажба на стоки за широка потрошувачка на своите бензински пумпи дури и е подобро рангиран од шестопласираниот „Рептил маркет“. Доколку го имаме податокот за профитот само од овие стоки тогаш би можеле да го споредиме „Макпетрол“ и со добивките што ги прават „КАМ“, „Тинекс“, „Веро“, „Стокомак“ и другите супермаркети.

Како што и досега „Фактор.мк“ пишуваше прометот од овие стоки е значајна приходна ставка за „Макпетрол“ и со тек на време станува се позначајна. Освен што е значајна ставка овие приходи се и значаен генератор на профитот особено заради тоа што за нив „Макпетрол“ нема расходи во смисла на трошокот за вработени кои се ангажирани за точење деривати, а во исто време и продаваат стоки за широка потрошувачка од бензинските пумпи.

„Макпетрол“ лани продал помалку деривати и остварил помал приход од ниван продажба

Податоците од годишниот извештај на „Макпетрол“ покажуваат дека компанијата лани продала 288.930 тони деривати и тоа е за 8 отсто помалку од 2015 година. Најзначаен раст на продажбата во количества „Макпетрол“ бележи само кај автоплинот и тоа за 8 отсто повеќе во однос на 2015 година и кај млазното гориво. Минимален раст има и кај продажбата на бензините. Мал пад има кај продажбата на дизел горивата, а голем пад има кај продажбата на мазут.

Можеби ќе ве интересира

Уште Зврлевски да биде сменет па ќе „тргне“ со реформите

Уште Зврлевски да биде сменет па ќе „тргне“ со реформите

Има ли ефект листата со должници на УЈП – Што планира новото раководство за наплатата?

Има ли ефект листата со должници на УЈП – Што планира новото раководство за наплатата?

Кои се домашните акционери кои земаа над 100.000 евра од дивиденди?

Кои се домашните акционери кои земаа над 100.000 евра од дивиденди?

Какви законски промени се „крчкаат“ за полагање за возачка?

Какви законски промени се „крчкаат“ за полагање за возачка?

Колкава загуба „сработе“ менаџерот Марјан Додовски во Еурокомпозит Прилеп?

Колкава загуба „сработе“ менаџерот Марјан Додовски во Еурокомпозит Прилеп?