25 Април, 2024
0.0272

Дали 50 мегавати на час ќе му бидат доволни на ЕЛЕМ ако ноември биде студен и сув?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Дали 50 мегавати на час ќе му бидат доволни на ЕЛЕМ ако ноември биде студен и сув?

Државната компанија за производство на струја ЕЛЕМ објави дека за потребите на тарифните корисници во ноември ќе набави 29.700 мегаватчасови електрична енергија. Во своето известување до јавноста ЕЛЕМ соопшти дека оваа набавка ја врши заради тоа што, како прво, еден блок од РЕК Битола е во ремонт и нема да работи во ноември, а како второ многу е низок водостојот во хидроакумулациите што значи дека нема вода за производство на струја доколку нема многу влажна есен.

Клучното прашање што сега се поставува во стручната јавност е какви понуди ќе добие ЕЛЕМ и дали количеството електрична енергија што се бара ќе ги задоволи потребите на тарифните потрошувачи кои компанијата е должна да ги снабди.ЕЛЕМ за секој предаден мегаватчас струја во преносната мрежа наплаќа 44 евра колку што му е утврдено од Регулаторната комисија за енергетика. Од оваа перспектива, со аналитика од споредбата на цените на мегаватчас електрична енергија на берзите во регионот не е веројатно дека ЕЛЕМ ќе добие цена која ќе биде пониска или еднаква на 44 евра за мегаватчас електрична енергија.

„Фактор“ во рамки на своите можности, а со цел за објективно информирање на своите читатели направи споредба на цените берзите во нашето опкружување. И тоа на сегментите на берзите на кои струјата се тргува по приниципот „ден однапред“ и на сегментот на билатерални договори за физичка испорака на месечно ниво. Најважен и најлесно предвидлив фактор е зимската сезона во која влегуваме и која значи зголемена побарувачка за електрична енергија во претстојниот период. Тоа е главен индикатор на очекувања дека цената на струјата ќе се зголемува во периодот што следи.

За да се добие ориентација по која цена ЕЛЕМ може да очекува да купи струја треба да се видат цените на струјата на берзите во Романија, Унгарија и во Бугарија. На романската берза цената на мегаватчас за испорака во ноември е околу 39 евра. Ако се купува струја таму треба да се додадат и транспортни трошоци кои значат закуп на преносен капацитет за да се донесе струјата до Македонија, а тоа е возможно преку Бугарија или преку Србија. Тоа дополнително ќе го зголеми трошокот, а тука додатно ќе влијае и друг трошок што го има трговецот за да купи, а на крај ќе треба да стави и заработка за себе за завршена работа. На унгарската берза мегаватчас електрична енергија со достава во ноември годинава чини 53,3 евра и на тоа треба да се додадат трошоците за закуп на преносен капацитет до Македонија преку српскиот или преку романскиот и српскиот систем. Оваа берза најголем дел од трговците и снабдувачи кои работат во Македонија ја земаат за пазар со референтни цени. На бугарската берза за струја оваа стока се продава на аукции за иден период и по принципот „ден однапред“. На аукција за периодот од 1 до 30 ноември се понудени и продадени 70 мегавати и тоа по цена од 41,5 евра за мегават. Аукцијата се одржа на 5 октомври. На таа цена исто така треба да се додадат трошоците за закуп на прекуграничен преносен капацитет и заработката на посредникот односно на трговската или снабдителната компанија. Од горенаведените транспарентни ценовни сигнали може да се извлече заклучок дека најповолна цена што ЕЛЕМ може да ја добие на еден од двата лота е барем 55 евра што може да биде и многу пристојан цена. 

Дали ќе му стигне струјата на ЕЛЕМ што ќе ја купи сега?

Друго прашање е многу понеизвесно. Дали ќе му стигне ова количество електрична енергија на ЕЛЕМ за да ги покрие потребите во ноември. Во набавката што ЕЛЕМ ја објави се гледа дека ќе набавува 20 мегавати за секој од 24 часа од деноночието, а уште 30 мегавати за периодот од 7 до 24 часот. Ако се погледнат податоците за ноември лани просечно на час во деноноќие дистрибутивниот систем превземал повеќе од 700 мегавати на час, а во студени периоди и во пикови дистрибутивниот конзум надминувал 800, а достигнуваат и 900 мегавати. Ако се знае дека повеќе од 60 отсто од дистрибутивниот конзум отпаѓа на потрошувачи со регулирани цени тогаш ориентациски на час просечно во најдобри услови за ЕЛЕМ потрошувачката што е негова обврска не се спушта под 500 мегавати. 
Двата блока на РЕК Битола не произведуваат ниту 390 мегавати, а често не надминуваа 360 мегавати. Значи освен тие 50 мегавати што ќе ги купи наскоро ЕЛЕМ треба да обезбеди од својот ветерен парк и од хидроелектраните уште најмалку 50 мегавати и тоа во најнизок конзум. Ако ноември биде студен и сув што ќе прави ЕЛЕМ? А тоа може да се случи. Можеби ќе му требаат и повеќе од 100 мегавати просечно на час. Да не биде доцна после за купување дополнителни количества струја. Затоа што цените ќе бидат веројатно многу повисоки.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија