19 Април, 2024
0.0290

Дали албанската дијаспора планира заземање на српски амбасади?

Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека има информации дека во албанската дијаспора се планира заземање на некое дипломатско-конзуларно претставништво на Србија во САД или Европа. 

Според него, ова би било за Србија да биде принудена да се откаже од барањето за судење на поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај.

Дачиќ вели дека тоа покажува дека албанските политичари се подготвени „дури и на тероризам“ и ги предупреди сите земји дека се одговорни за безбедноста на српските дипломатски претставништва, а албанските политичари „да не си играат со оган“.

„Србија нема да се откаже од гонење на Харадинај ниту од кој било друг кој направи злосторства против српскиот народ. И српскиот народ, како и секој друг, заслужува правда – рече Дачиќ.

Тој истакна дека изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, дека по апсењето на Харадинај треба да се ревидира дијалогот Белград – Приштина, покажува дека во суштина албанската политика дозволува злосторства против Србите и дека дијалогот се води само за понатамошно афирмирање на косовската независност.

Тој вели дека навредите на сметка на српскиот премиер, Александар Вучиќ поради ставот за Харадинај,  Албанија покажува дека не ѝ е гајле за добрите односи со Србија. Ако Вучиќ, како што вели Бушати, живее во минатото, во каков ли темен вилает живеат албанските политичари во Албанија и на Косово, праша Дачиќ. 

Група „Анонимус“ од Албанија деновиве  ѝ се закани на француската влада дека ќе ја плати цената и ќе биде виновникот за почеток на нова војна на Балканот, доколку не го ослободи Рамуш Харадинај. 

Инаку тој е уапсен в Франција, а Србија бара екстрадиција затоа што тој треба да одговара за воени злосторства извршени над цивили. 

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри