23 Април, 2024
0.0252

Дали дојде крајот на династијата на Амди Бајрам?

Објавено во: Анализа 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

По десетина година за прв пат во Шуто Оризари води кандидат за градоначалник чие презиме не е Бајрам. Курто Дудуш кандидатот за градочалник со поддршка на СДСМ по подолго време успева да победи пред политичката династија на Бајрам со мининална предност во првиот круг во општина Шуто Оризари.

Дудуш по пребројување на гласовите од сите 36 избирачки места во Шуто Оризари е на првото место со освоени 39,79% од гласачкото тело и или вкупно 3744 гласови. Зад него на второто место е актуелниот градоначалник Елвис Бајрам со освоени 3592 гласови или 38,18% од гласовите. Елвис Бајрам е од Сојузот на Ромите партија која деценија веќе е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. 

Останатите кандидати од албанските партии во Шуто Оризираи освоија околу 10% од гласовите ако ги собереме сите гласови заедно на Чајани од ДУИ, Цури од БЕСА и Садики од ДПА. Сепак, и тие ќе имаат големо значање доколку во Шуто Оризари се одржи втор круг што е сосема извесно со оглед на минималната разлика меѓу Бајрам и Дудуш. 

Да потсетиме дека и овој резултат е огромно изненадување бидејќи Шуто Оризари во последните 10 години секогаш ги даваше гласовите за партијата на Амди Бајрам, кој беше и градоначалник пред да му го отстапи местото на неговиот наследник Елвис. Амди Бајрам досега од формирањето на независна Македонија е пратеник со најголг стаж и бил член на речиси сите парламентарни избори. Неговото партнерство со Груевски и натаму продолжува. 

Инаку во бомбите кои ги објавуваше СДСМ имаше повеќе разговори со погрдни зборови кон Ромите, како и за организирање на изборни манипулации и измами преку партнерството со Амди Бајрам. Тој често на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ служеше за забава на присутните кажувајќи шеги, па дури и му се закануваше на Заев дека подготвил голем кафез да го улови како зајак.

Овие локални избори во Шуто Оризари за жал ги одбележа инцидент кога Елвис Бајрам со група на негови поддржувачи се степа со луѓе пред штаб на Дудуш. Најдебелиот крај го извлече Елвис Бајрам со потешки повреди на главата, но сите инволвирани во инцидентот завршија со кривични пријави за учество во тепачка.

Х.С.