29 Март, 2024
0.0229

Дали е време Лилјана Поповска да се повлече од политиката?

Објавено во: Анализа 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Пратеничката Лилјана Поповска откри дека екс премиерот Никола Груевски бил виновен што нејзиниот зет за сестра Перо Јосифов бил притворен во политички монтиран процес за да се изврши притисок врз нејзината партија, па затоа ДОМ долго време не ја напуштал владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Секако, информацијата веднаш ја демантираше Никола Груевски кој објасни дека не влијаел на никаков начин врз самиот процес, а дека самата Поповска на состанок со него во владата побарала нејзиниот зет да биде ослободен по што донела одлука да ја напушти коалицијата.

Овој случај во моментов е помеѓу зборот на Поповска и на Груевски, односно се додека нема јасна правно-судска разрешница тешко е да се утврдат тврдењата на двајцата и кој всушност е во право.

Тоа што загрижува е зошто Лилјана Поповска не одлучила јавно да настапи и да открие пред целата јавност дека нејзиниот зет е под закана за деветгодишна затворска казна. Дали воопшто има тежина за сомнежите кои се товорат против него и зарем не можело овој случај да биде ставен во фокусот на јавноста со што тогаш сигурно ќе добиеше силна поддршка од опозицијата и критички настроените граѓани кои веќе реагираа за повеќе неправедни случаи како тој на Бошкоски, Ване Цветанов и уште многу други.

Лилјана Поповска го има загубено својот кредибилитет, ДОМ иако започна како ветувачка јасно ориентирана зелена партија за заштита на животната средина, зеленилото и воведување во циркуларна економија со искористување на обновливите извори на енергија се претвори во партија за дополнување на гласови на парламентарни избори и осигурување на некој пратеник плус. 

Поповска вели дека претрпела голема штета врз здравјето и силата, па можеби сега е вистинско време да се повлече од политичката сцена и да овозможи ДОМ да се реформира, да биде предводен од млади и способни кадри кои нема да премолчуваат закани на властодршци и нема да бегаат во скутовите на политички помоќни сојузници за краткорочни цели и интереси.

Ниту еколошката заедница во Македонија е нешто презадоволна од водството на Лилјана Поповска и присуството на ДОМ на политичката сцена на која не може да наметне еколошки и зелени политики и каска зад владините коалициони партнери во веќе воспоставената агенда.

Секако, посакуваме случајот кој го спомена Поповска целосно да биде расчистен пред судските инстанци и да се утврди целата вистина, наместо вака преку медиумите да се исправаат „криви дрини“.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот