24 Април, 2024
0.0263

Дали ЕЛЕМ купува „бугарска“ струја по „маџарски“ цени?

Објавено во: Економија, Анализа 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

ЕЛЕМ со последното купување направи загуба од речиси 600.000 евра зашто ќе плати просечна цена од 62,8 евра за струја што ќе ја продаде по цена од 44 евра за мегаватчас. Аргументот дека купиле поевтино од цените на ХУПЕКС е смешен кога се знае дека за испорака во ноември мегаватчас на бугарската берза ИБЕКС чини 41,1 евро плус допунски трошоци кои во најлош случај за ЕЛЕМ не надминуваат 55,3 евра за мегаватчас.

ЕЛЕМ ќе плати 1,865 милиони евра за 29.700 мегаватчасови електрична енергија што ги купи за потребите на тарифните потрошувачи во текот на ноември годинава. Прво и најзначајно е тоа што државната компанија за производство на струја со оваа набавка има диспаритет во цена од 18,8 евра по мегаватчас електрична енергија заради тоа што струјата што ја купи ја плаќа по просечна пазарна цена од 62,8 евра за мегаватчас, а ќе ја продаде по цена од 44 евра за мегаватчас колку што е цената која и е одобрена од Регулаторната комисија за енергетика. За да биде потполна и објективна информацијата јавноста треба да знае дека ЕЛЕМ со најновата набавка на струја по пазарна цена оствари загуба од 558.360 евра, а тоа е разликата меѓу набавната и продажната цена на мегаватчас.

Дали можеше поинаку и поевтино?

Прво, мора да се истакне дека ЕЛЕМ навремено ја извести јавноста за резултатите од аукцијата и тоа е за поздравување со надеж дека таа пракса ќе продолжи и во иднина. 

Второ, се надеваме дека новиот менаџмент на ЕЛЕМ ќе ја објави и производствената цена на мегаватчас електрична енергија од РЕК Битола и од ТЕЦ Осломеј доколку го пушти во работа. За да знаеме дали треба да го охрабриме ЕЛЕМ дека е поевтино да прави годишна аукција за набавка на струја или да го вклучи ТЕЦ „Осломеј“? 

Трето, ова го прашуваме јавно само за нештата во јавноста да бидат појасни и да добиеме шанса да можеме да формирање сопствено мислење за искреноста на намерите за транспарентност на новиот менаџмент. Особено да направиме разлика во споредба со претходниот генерален директор кој многу розово ја претставуваше производствената и финансиската кондиција на таа компанија.

Четврто, во соопштението од последната аукција беше објавена просечната набавна цена која изнесува 62,8 евра за мегават час. Беа објавени и компаниите добавувачи и се гледа дека скопската филијала на словенечкиот трговско-производен гигант и регионален „мадафакар“ ГЕН-И доби најголем дел од бизнисот. На листата на понудувачи не го видовме ЕДС на Кочо Анѓушев оти тој јавно кажа дека нема да учествува на тендери на државни компании. Можеби ако ЕДС учествуваше, со оглед на нивната ангажираност, пазарно учество и знаење, ГЕН – И ќе понудиеше и пониски цени, а ЕЛЕМ ќе платеше помалку? Нели јаката конкуренција придонесува за пазарни цени. Да видиме сега дали „оркестарот за последователни прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ“ ќе има забелешка на пасивноста на ЕДС? Ќе биде смешно...

Петто и најсуштествено, во соопштението прес службата на ЕЛЕМ намерно или случајно ги потенцираше цените на унгарската берза ХУПЕКС од сегментот за тргување електрична енергија со билатерални договори. Сакаа да потенцираат дека цените на нивната аукција се пониски од ХУПЕКС. Благодариме што го споменавте ХУПЕКС! Во таа прилика „Фактор“ во рамки на своите скромни знаење и познавања на пазарите во најблиското опкружување, со надобра и единствено конструктивна намера ќе ги упати стручните лица во ЕЛЕМ задолжени за аукции и тие што носат одлуки за оваа материја да го следат поинтензивно и тргување на бугарската берза ИБЕКС. На овој линк можете да се види цената што е постигната за испорака на електрична енергија за ноември. За 70 мегавати, за 24 часа и период од 1 до 30 ноември цената е 82,3 бугарски лева односно 41,2 евра. Аукцијата е одржана на 5 октомври. Станува збор за базна енергија односно купување во „банд“ што значи енергија „топтан“ за 24 часа. На таа цена треба да се додаде и  такстата од 0,05 евра по мегаватчас вкупно затргување и за клиринг што ја наплаќа ИБЕКС за истргуваната енергија, а ценовникот е на следниот линк .

Дополнително на тоа има давачка за закуп на преносен прекуграничен капацитет за енергија да се изнесе од бугарскиот и да се внесе во македонскиот систем. На годишната аукција цената на таа услуга беше 0,86 евра за мегаватчас и тоа може да го проверете на овој линк Дополнителни трошоци се: прво, извозната такса за струја која бугарската држава ја наплаќаше и за која, за жал не успеавме да добиеме точна информација, не знаеме да уште ја наплаќа. И да ја наплаќа таа такса не надминува 5 евра по мегаватчас електрична енергија. Второ, такса за услуга која ја плаќа тој што набавува ако не е регистриран на ИБЕКС и услугата ја добива од регистриран учесник. Тој износ не надминува 3 евра за мегаватчас струја.

Врз основа на ова можни се следните ценовни комбинации за набавка од ИБЕКС:

Прва комбинација: трговецот што продал во ЕЛЕМ, а купил на ИБЕКС платил: 41,25 евра за мегават час кон ИБЕХ + 0,86 евра за преносен капацитет (ако го закупил на годишна аукција) и тоа е еднакво на 42,11 евра за мегаватчас. Доколку трговецот е регистриран за учество на ИБЕКС тој нема друг трошок. Евентуално да плати извозна такса за струја што Бугарија ја наплаќаше (за жал не можевме да провериме дали таа давачка е во сила). Доколку не се плаќа извозна такса и е регистриран учесник на ИБЕКС (како што е ГЕН-И) мегаватчас струја би чинел 42,11 евра. Се до 62,8 евра би било додадена вредност за трговецот.

Втора комбинација: трговецот што продал во ЕЛЕМ, а купил на ИБЕКС платил: 41,25 евра за мегават час кон ИБЕХ + 0,86 евра за преносен капацитет (ако го закупил на годишна аукција) и тоа е еднакво на 42,11 евра за мегаватчас. Доколку трговецот не е регистриран за учество на ИБЕКС тој има дополнителен трошок да ангажира регистриран учесник на ИБЕКС да ја купи за него таа енергија со доплата за услугата која би била до 3 евра за мегаватчас. Доколку се плаќа извозна такса (за жал не можевме да провериме дали таа давачка е во сила) тоа би ја зголемило цената за најмногу до 5 евра. Во тој случај на 42,11 евра ќе се додадат 5 евра извозна такса и 3 евра за услугата на регистрираниот посредник. Крајната цена би била 52,11 евра и се до 62,8 евра би било додадена вредност за ќтрговецот што продал на ЕЛЕМ.

Трета комбинација: трговецот што продал во ЕЛЕМ, а купил на ИБЕКС платил 41,25 евра за мегаватчас кон ИБЕКС и уште 6,1 евро закуп на прекуграничен капацитет за пренос на струја на месечната аукција за ноември (затоа што немал претхоно купен капацитет на годишна аукција податокот е достапен на следниот линк. Во тој случај заедно со цената за закуп на капацитет струјата би била 47,35 евра и ако на тоа се додадат максимум 8 евра за извозна такса и за услуга на посредник регистриран на ИБЕКС крајната цена би била 55,35 евра. Се до 62,8 евра би било додадена вредност за добро завршена работа.

Од горенаведеното стручните лица во ЕЛЕМ требат да ги земат со резерва споредбите со цените на ХУПЕКС кои , традиционално, се омилен аргумент на трговците – во стилот ти давам под цена, види на ХУПЕКС!

Денеска, кога ќе го читате овој текст на ИБЕКС ќе може да ги видите и резултатите од втората аукција за ноември, закажана за пладне.

„Фактор“ во оваа прилика сака јавно да му сугерира на менаџментот на ЕЛЕМ да ја разгледа опцијата да распише тендер на кој ќе бара свои брокери кои се регистрирани учесници на берзите во Унгарија, Бугарија и во Србија. И од понудувачите да ги избере тие што нудат најниска провизија за истргуван мегаватчас. За да бидат јасни сметките!


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска