19 Април, 2024
0.0244

Дали фабриката „Европа“ треба да ги продаде или да ги поништи сопствените акции?

Објавено во: Анализа 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Стопанска банка – Битола бара што поскоро собранието на акционери на „Европа“ да донесе одлука за продажба на 9,996– те  % од акциите на „Европа“ кои се со право на глас. Имено по обезбедувањето на  19,99% од акциите со право на глас на најголемата фабрика за чоколади во Македонија, кон крајот на јануари оваа година, сопствениците на банката, сметаат дека како за акционерите вклучувајќи ги и малцинските, така и за вработените,  многу е поатрактивно доколку скопска „Европа“ се одлучи за продажба на овие акции кои се нефункционални, а кои можат да бидат „рак рана“ за идниот развој  на компанијата. Аргументот на менаџментот на битолската банка е дека станува збор за стерилизиран капитал кој е стекнуван под различни основи и при што правата содржани во тие акции, друштвото не може да ги користи. Притискањето за продажба на акциите од третиот по големина акционер во „Европа“ се објаснува со фактот дека преку нивно понудување за продажба ќе се обезбедат свежи пари кои ќе ја надополнат ликвидноста на компанијата. Тоа во исто време ќе обезбеди можности за забрзување и олеснување на деловните циклуси и зголемување на профитабилноста на компанијата. Продажбата е шанса и за изнаоѓање стратешки инвеститор Продажбата на овој пакет на акции во сопственост на „Европа“ може да биде атрактивен потег и од аспект на градење на преговарачка позиција со постоечките акционери во поглед на изнаоѓање на стратешки инвеститор во оваа атрактивна дејност-кондиторството, особено доколку се имаат во предвид  настаните кои во регионот ќе се случуваат по јули 2013 година со пристапувањето на Хрватска кон ЕУ. Што доколку нема заинтересирани за купување на акциите? Доколку се покаже дека  конјуктурата на пазарот на капитал не дозволува реализација на продажба на 9,996 – те % од акциите со право на глас на „Европа“, поради ниска цена или влез на инвеститор кој не е заитересиран за бизнисот туку за шпекулативна трансакција, од Стопанска банка Битола нудат и второ решение, а тоа е поништување на овој пакет сопствени акции.  На тој  начин би се обезбедило враќање во функција на правата кои произлегуваат од акциите, распределба на капиталот на постојните акционери без намалување на основната главнина, а при тоа да не се дискриминираат акционерските права на малите акционери. Во исто време ќе се оневозможи влез на акционер по потценета вредност од книговодствената заради нарушената конјуктура на пазарот на капитал. Стопанска банка-Битола со 19,99% од акциите со право на глас е еден од трите најголеми акционери во „Европа“, заедно со „Макошпед“ кој поседува 21,17% и „Фершпед“ со 20,07 % од акциите со право на глас. Како поголеми акционери во оваа компанија се јавуваат и Мила Левентиќ и Есамедин Хасани како главни дистрибутери на Европа за Хрватска и Косово кои поседуваат 9,64 отсто односно 9,11 отсто од акциите со право на глас. Редакција Фактор  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза