Дали Грција профитира од бегалците?
Објавено во: Економија, Балкан 20 Октомври, 2016
Грција би можела да профитира од брановите мигранти кои доаѓаат во земјата.
Во последните 6 години десетици илјади бегалци преку Егејското море дошле во Грција и тоа се смета како товар за економијата, но анализите покажуваат дека тоа би можело да биде позитивно за БДП или да нема влијание, пренесува Blumberg.
Илјадници луѓе од невладини организации од инженери до социјални работници се ангажирани за згрижување на 60.000 бегалци кои престојуваат во Грција.
Од Европската Унија Грција оваа година доби 200 милиони евра за реализирање на проекти поврзани со бегалците.
Иако тоа не е голем износ, во услови на штедење и помага на економијата.
За споредба, вкупната буџетска потрошувачка за инвестиции е 700 милиони евра.
БДП на Грција може да профитира 0.3% поени. Теретот од бегалците на БДП е 0.03%.
Бегалците не наштетија од туризмот и оваа година приходот ќе изнесува 14 милијарди евра.