29 Март, 2024
0.0270

Дали и кога институциите ги идентификуваат научените лекции од поплавите

Објавено во: Македонија, Колумни 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Последните дождови кај многумина предизвикаа сеќавање на катастрофалните поплави од минатата година. Поплавите се природни непогоди кои често ја зафаќаат територијата на Република Македонија. Тие настануваат како резултат на специфичностите на рељефот, топографските, орографските, геоморфолошките и климатските услови на нашето поднебје, како и нерамномерниот режим на течењето  на природните водотоци.

Во последнте две години територијата на нашата држава беше трипати зафатена од поголеми поплави. Најпрвин во почетокот на 2015 година се излеа реките и нанесоа големи штети во поголемиот дел на државата. Потоа во август 2015 година поплавен беше северозападниот дел на Република Македонија  и година дена подоцна, односно во август 2016 година, поплава ги зафати Скопје  и околината. За жал во двете последни полави повеќе лица го загубија својот живот. 

Надлежните институции вообичаено после вакви настани вршат детални анализи ги идентификуваат научените лекции односно од мноштвото преземени мерки и активности ги извлекуваат искуствата кои можат на ист начин или подобро да се применат во евентуални слични настани. За жал институциите во Р. Македонија по поплавите неизвршија целосни анализи и не ги лоцираа слабостите и добрите страни од кои требаше да произлезат нови стандардни процедури за постапки во слични ситуации. Можеби се вршени поединечни анализи но при ангажиање на повеќе институции мораше да се направи сеопфатна анализа за која јавноста треба да знае, а заклучоците и искуствата да се објават како би се избегнале или намалиле последици во слични природни непогоди. Впрочем на тоа ги обврзуа и законот кој предвидел дека податоците за опасностите и преземените активности за заштита и спасување, од страна на надлежните органи и служби се јавни и мора транспарентно да се објават.

 Секако дека институциите вложија многу напори, одредени активности се спроведени квалитетно одредени послабо, а за жал одредени многу слабо. Од квалитетна анализа после природни непогоди со толку жртви се изработуваат упатства или стандардни процедури како во иднина да постапуваат институциите но и поеднци со цел да се наамлат последиците. Секој има право да мисли дека реагирал најдобро што можел но искуствата покажуваат дека можело и требало подобро да се одреагира. Несакајќи да критикувам или пофалувам поедини институции ќе се обидам да укажам на неколку работи иако знам дека е невозможно поединец да ги идентификува сите наученте лекции. 

Прво, што треба да се направи е Владата да ја ажурира националната стратегија за заштита и спасување, односно да усвои нова Стратегија, од причини што сегашната најмалку е национална стратегија туку во најголем дел е препис на законот за заштита и спасување. Во новата национална стратегија да се направи реална проценка на заканите од елементарни непогоди и предизвиците при справувањето со елементарните непогоди. Потоа да се предвидат кои институции во која фаза и како ќе се ангажираат за да се постигне саканата цел за секој облик на природни непогоди и други несреќи. 

Накусо стратегијата треба да го  предвиди обврските на националните институции во текот на подготовките за заштита од евентуална природна непогода, начинот на ангажирање во текот на спасувањето, помошта и подршката во отстранувањето на последиците. Од самата стратегија треба да произлезе план и секоја институција мора да ги познава своите обврски. Со цел да се утврди во кој обем институциите ги познаваат своите обврски и како истите се искоординирани со другите институции редовно се изведува обука. За жал ниту пред поплавите ниту после трагичните настани не е изведена заедничка обука на сите институции. 

Второ, употребата на Армијата мора да биде достоинствено и да даде резултати. Неможе врховниот командант со бројка да одредува колку персонал ќе се ангажира од Армијата. Тој доделува мисија, а командантите со своја одлука одредуваат ресурси и тактика како ќе ја реализираат мисијата. За да можат да ја реализираат мисијата потребно е да имаат техника и наместо со лопати и канти требаше да анагжираат механизација. Повторно, за жал армиската механизација беше неисправна и никој за тоа неодговараше, а колкав е уделот на механизацијата ни покажа ангажирањето на силите на КФОР. Припадниците на Армијата даваа максимални напори со лопати да очистат тоа што може да се очисти, а командна одговорност треба да биде што ги држеа во тешки услови на таа жештина по 12 часа наместо смените да се вршат почесто. Посебна приакзна е развивањето на тактички оперативен центар во загрозената зона и престој во истиот во услови на можна појава на заразни заболувања.

Трето,  комуникациите во кризна ситуација мора да бидат целосно регулирани и да се знае кој кого за што и како го известува. Несмее министерот одреден за координатор да го прашува директорот на дирекцијата за заштита и спасување дали може да обезбеди уште пумпи за вода. Напротив комуникацијата во организирана активност треба да биде обратна директорот да ги ангажира сите капацитети и ако има потреба за нешто дополнително тој требаше да бара помош од координаторот. Ако така комуницираа на највисоко рамниште може само да претпоставуваме какви биле комуникациите помеѓу институциите на пониско рамниште.

Четврто, институциите се одговорни за јавната безбедност и сигурност на граѓаните за таа цел потребно е да се изврши проценка кои региони се подложни на поплави и да се постави јавна сигнализација покрај патната инфраструктура што за патниците ќе биде сигнал во случај на невреме да не го користат тој дел од патот. Владата треба да има договор со мобилните оператори и во случај на невреме кое може да предизвика поплави во одреден регион до сите корисници на мобилни апарати или барем на тие што се лоцирани во тој регион веднаш да им се испрати порака со информација за невремето и што треба да превземат за лична безбедност.

Петто, јавното здравство и медицинската подршка во вакви ситуации се клучни елементи. Навистина во сите три поплави медицинските институции, персоналот и многу волонтери ги ставија своите капацитети на располагање на граѓаните. Мобилни екипи постојано беа на теренот и пружаа соодветна помош. Покрај добрите страни сепак мислам дека многу полесно ќе им беше на овие тимови ако имало претходна обука и информирање на населението како да постапуваат во вакви и слични ситуации. 

Шесто, многу е важно правовремено да се организира сместување и пружи целосна подршка за обезбедување на соодветни услови за живот на сите кои неможат да останат во своите домови. Несмее да има привелегирани кои добро ќе се сместат и добијат секаков вид на подршка, а некои скромно да побарат сместување кај свои роднини, пријатели или комшии. Подршката на лицата кои останале без своите домови мора да биде се до стварањето на услови за нивно враќање. Деновиве сме сведоци на неубави постапки кон дел од лицата кои ги користат капацитетите за колективно сместување во ученичките и студентски домови и како институциите им ја прекинуваат понаатмошната подршка, а не им се обезбедени минимални услови за живот во нивните домови. 

Седмо, менаџирањето со хуманитарната помош мора да остане во рацете на хуманитарните организации кои постојат за таа цел. Сведоци бевме на собирање на хуманитарна помош од страна на политички партии и вероватно делење на истата по партиска припадност. Партиите можат да го мобилизираат членството и симпатизерите да се вклучат во хуманитарната активност но средтвата мора да се собираат само во хуманитарните организации и од таму да се делат на загрозените граѓани. За жал и во раковоството на Црвениот крст имаше зависност од власта и недоследности, наместо хуманитарната помош да се подели на најзагрозените се чекаа спискови и извештај (би рекол наредба)  од Владата на кого и кога да се подели. 

Осмо, информирањето на јавноста треба да биде точно и постојано. Националната телевизија наместо да ја прекине програмата и постојано да известува за настаните си вршеше пренос од спортски настани. Телевизијата која пак има добиено најмногу средства од Владата наместо известувања од теренот емитуваше репризи од турски серии. Со известуавања од теренот се јавуваа само кога некој функционер вршеше обиколка на теренот. Праксата покажува дека при секоја обиколка на теренот на висока личност само се прекинуваат работите и се прават сценарија за снимање со што се губи драгоцено време. Овде несакам да ги спомнувам одредени медиуми кои крајно професионално постојано известуваа од теренот и сами бараа информации наместо веднаш да се формира прес центар кој целосно и точно ќе ги обезбедувува информациите.

Времето брзо минува одредени активности или непреземени мерки се забораваат, а никогаш не се знае кога пак може да ни се случи нова поплава. Затоа сакам да ги потсетам институциите да направат целосна анализа на постапките и научените лекции како упатства транспаретно да се објават и со едукативни активности преку медиумите и на присуство на терен тие упатства да се пренесат на граѓаните. Дали институциите ќе го направат тоа или ќе го почекаат законски предвидениот рок од 365 дена за поднесување финален извештај со кој формално ќе се стави крај на настанот и неколку стотина листа хартија ќе собираат прашина во некоја работна маса на администарцијата останува да видиме. 

Велин Стојановски

полковник во пензија

м-р по Национална безбедносна стратегија


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара