28 Март, 2024
0.0699

Дали исфрлањето отрови во воздухот треба да се казнува исто како обид за убиство?

Објавено во: Анализа 09 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Дали кафаните на јаглен, камионите на градежните и другите стопански субјекти и автобусите од пред 50 години, загревањето на дрва, јаглен, мазут, гуми прават кривично дело? Според законот, производство и продажба на животно загрозувачки супстанци-оружје, дрога се криминал. Дали ако возите пијан и загрозувате туѓи животи, не е исто со возење престар камион, автобус или автомобил на дизел кои го загадуваат воздухот и ги трујат сите дишачи на воздух, вклучувајки ги и младите и старите и возачите и невозачите? 

Зошто полицијата да не добие задача да ги исклучува од сообраќај таквите загадувачи, кои исфрлаат над дозволените вредности? Нели се ризични по живот? Барем полицајци претходните години се примија колку сакаш, кога веќе инспекторите се 13 на број во целата држава. Во двата случаи возачот ја загрозува безбедноста на сите други жители. Таквите возила не би смееле да поминат ни на регистрација, или ако се работи за музејски експонат, раритет, да има употребна дозвола за 2-3 ревијални возења годишно? 

Какви се тие општествено одговорни компании со возен парк од пред 50 години, кои трошат 20 до 30 литри ефтин дизел на 100 километри? Си има лизинг компании, и веројатно пресметките треба да покажат дека ново возило што троши помалку, само ќе се исплати?

 Буџетот тука може да помогне со намалување или ослободување од увозна акциза ако превозникот докаже дека старото возило го предал на топење во Макстил. Таква акција со давање ваучер на 1000-1500 евра за стари возила предадени на топење, спроведе Франција, Германија и други држави во 2008/2009-та година, наречена Cash for clunkers, која имаше две цели: намалување на загадување, и поттикнување на економијата преку зголемено производство на автомобили. 

Македонија ќе речете не произведува возила? Во зоните се произведуваат автомобилски делови, па веројатно во дел од новите увезени возила има понекоја македонска компонента.     

Париз ќе забрани влез на возила на дизел за некоја година. Забраната и зголемувањето на акцизата на дизел и кај нас треба да биде најавена дека градуално ќе се качува над бензинот, ако е утврдено дека дизелвозилата загадуваат повеќе. Имено зошто некој енергенс да биде поефтин ако е поштетен? Обратно, треба да е поскап како акцизата на алкохот-колку повеќе промили, повеќе давачки. 

Повисоката акциза треба да ги натера компаниите да го обноват возниот парк, а истовремено да бидат стимулирани со ослободување од плаќање увозна акциза и диференцијална висина на трошоци за регистрација(повисоки давачки за постари возила, пониски за понови). 

Распределбата на собраните еко-давачките треба да се најави дека оди за стимулативните мерки за почист воздух и садење дрвја. Медиумите може многу да помогнат, доколку истражувакото новинарство се насочи на конкретни случаи на загадувачи. 

Да ги објавуваат на Зид на срамот, без пардон, прастарите возила кои секој ден се влечат по улиците исфрлајки црни облаци, фирмите кои загадуваат, ,,домаќините,, кои горат патики и гуми во печките? Балтазар е секој од нас, ако делува. И директорот на ЈСП, и министерствата за екологија, правда, финансии. И граѓанинот што ќе пријави загадувачи. И новинарот и медиумот што ќе ги објави загадувачите, за почеток, барем да ги изеде срамот. 

М.М.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот