28 Март, 2024
0.0281

Дали како родител ги преземате сите неопходни мерки за заштита на децата-патници?

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажува дека во 2015 година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а 9 од нив биле деца на возраст до 4 години. Кога станува збор за децата на возраст до 7 години,  искуствата и истражувањата покажуваат дека децата од  оваа возраст најмногу страдат  во сообраќајот како патници.

 Според  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој стапи на сила во Октомври минатата година,  во патнички автомобил, на предното седиште, не смее да се превезува дете помало од 12 години. Исто така, според истиот Закон, во патнички автомобил, на задното седиште, смее да се превезува дете помало од 5 години, во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Што се однесува до предното седиште, според ЗБСП, смее да се превезува дете до 2 години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште, поставено спротивно од правецот во кој се движи возилото и истото е прицврстено за седиштето во возилото, со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување. 

 Иако во Република Македонија, не постојат официјални податоци во колкав процент се користат детските седишта во автомобилите,  сепак неофицијалните информации укажуваат дека само еден мал процент родители купиле седишта за нивните деца што укажува на тоа  дека процентот на деца кои се превезуваат во детско седиште е недозволиво мал и покрај тоа што тоа е законска и родителска обврска.

За возачите кои не ги почитуваат одредбите од Законот, предвидена е мандатна казна во износ од 35 евра (во денарска противвредност) или ќе им бидат регистрирани 15 негативни бода

Водејки се од оваа, РСБСП апелира до возачите, до родителите, да го почитуваат Законот и да ги заштитат своите деца од повреди и загуби односно да користат соодветно детско седиште.

Употребата на детски седишта, ја намалува смртноста кај децата за 50%, а кај бебињата и до 70%.

За комплетна заштита на децата во сообраќајот особено е важно да се одбере соодветно седиште и истото правилно да се постави. Детските седишта се поделени во неколку групи, во зависност од телесната тежина на детето, а

 постојат и различни модели од  повеќе производители, кои можат да ги збунат родителите. За да одберат правилно  родителите најдобро е да се одлучат за седиште со ознака ECE R44, која означува дека се работи за производ во согласност со строгите законски прописи и безбедносната регулатива на Европската унија.

Со секое седиште се добиваат детални инструкции со цртежи за правилно инсталирање и многу е важно при монтирањето на седиштето да се придржувате до нив. Кога се монтира, посветете внимание поставеното седиште да не се движи лево или десно и да стои цврсто во место.

Во продолжение кратко објаснување за изборот и монтирањето на детското седиште:

Седишта од групата 0: Кога станува збор за седиште од група 0, најдобро е да се постави во задниот дел, во спротивна насока од насоката во која се движи возилото. Од безбедносни причини, но и од опасност да се активира воздушното перниче, не се препорачува да се постави на совозачкото седиште. Препорачливо е детското седиште да се постави назад, на средина на клупата, а доколку тоа не е можно, се поставува зад страната на возачот или совозачот. Експертите препорачуваат, децата да се возат во насока на патувањето само кога можат да седат независно и цврсто и кога имаат телесна тежина над 9 килограми, а оптималната возраст за тоа е околу 1 година.

Седишта од групата 0 и 1: Најголем број од детските седишта, од групата 0 и 1, имаат и свој појас, со таканаречена заштита во три или пет точки (рамо, препони и бут). Доколку врзувањето е во средината на градите на детето, ременот е правилно наместен, а дали е добро затегнат, може да се провери преку растојанието меѓу лентата од појасот и градниот кош на детето кое не треба да е пошироко од еден прст.

Уште една работа која не смеете да ја заборавите. Строго е забрането детското седиште да се постави доколку има воздушно перниче што се отвора директно пред него бидејќи тоа би резултирало со тешки телесни повреди за бебиња и мали деца при евентуално негово отворање. Ако вашето возило има воздушно перниче што се отвора кон столчето, потребно е да го исклучите во некој од овластените сервиси за вашиот автомобил.

Тежина на детето и категории на детски седишта.

Во согласност со тежината на децата, детските седишта се поделени во следните категории:

     • 0  за деца од раѓање до 10 килограми

 • 0+  за деца од раѓање до 13 килограми

 • 1   за деца од 9 до 18 килограми

 • 2   за деца од 15 дo 25 килограми

 • 3  за деца од 22 до 36 килограми (бустер - безбедносни седиште).

Постојат и комбинирани седишта кои покриваат повеќе групи истовремено.

Задолжителната употреба на детско седиште на секое патување, е вистинскиот начин да се заштитат децата-патници во сообраќајот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење