29 Март, 2024
0.3459

Дали Мицкоски екипираше јаки кадри во новата структура на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Анализа 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го направиот првиот покрупен чекор од кога е на функција со тоа што го избра тимот со кој ќе ја раководи опозициската партија, особено со новиот Извршен комитет, но и со двете нови тела Советот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Советот на извршниот комитет. 

Како негови потпретседатели ги доби Митко Јанчев меѓу тројцата. Актуелниот градоначалник на општина Кавадарци ја издвојува најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори кои партијата ги заврши катастрофално. За него имаше претпоставки и дека ќе биде идниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ но, никогаш не поднесе кандидатура пред Конгресот и беше воздржан за терминот, и секако даде поддршка за избор на Мицкоски како единствен кандидат.

Потпретседател стана и Владо Мисајлоски, екс министерот за транспорт и врски, кој на последните локални избори се кандидираше за градоначалник на Ѓорче Петров, но загуби во вториот круг. Тој исто така беше во фокусот на вниманието откако беше опожарен неговиот дом и фурната со поголема материјална штета. 

Трет потпретседател е Александар Николовски, еден од поискусните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше спречен да стане нов амбасадор на Република Македонија во Брисел на истекот на претходниот мандат на пратениците кога веќе беше јасно дека ќе се распишат локалните изобори и немање кворум на собраниската седница.


Генерален секретар на партија е Игор Јанушев, последниот директор на ЈСП пред ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти власта во град Скопје, а во него има потенцијал за оператива на терен, особено во скопскиот регион.

Влатко Ѓорчев е на некој начин унапреден во постојан Координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но оваа функција ќе биде само на хартија доколку пратениците на опозицијата не го прекинат бојкотот и активно се вклучат во парламентарната дебата. За тоа пречка, секако е веќе наметнатиот услов за амнестирање на осомничените од ЈОРМ за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. 

Овој состав на своевидното претседателство на ВМРО-ДПМНЕ има потенцијал бидејќи не се влече со обвиненија од СЈО и судски процеси, има доволно легитимитет поради ангажманот пред партиското пошироко членство и промовира можност за современи демохристијански принципи, но тоа треба да се докаже и на дело.

На „замрзнат терен“ на партијата се Илија Димовски и Антониот Милошоски кои повеќе не се дел ниту од Извршниот комитет и немаат никакви други функции, но претседателот Мицкоски истакнал дека за нив секогаш има можност да се вклучат во партиските структури и дека нема поделби.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот