Дали на Рама ќе му дојде паметот по првата вистинска опомена?
Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2018
Албанскиот премиер Еди Рама ја доби првата јавна и вистинска опомена за негативната и провокативна реторика која ја засили во последниот период. Овој пат, критики стигнаа од американската амбасада во Тирана која соопшти дека е разочарана од реториката на премиерот Рама
,,Тоа е реторика од минатите времиња и треба да се заборави“…напиша на својот Твитер профилот Амбасадата на САД во Тирана.
Оваа реакција следува само неколку денови по изјавата на Рама на свеченоста по повод десетгодишнината од независноста на Косово, во Приштина. Дел од албанските политичари за време на прославата покажаа зрелост и присебност, додека пак други влегоа во еуфории и најавија дека за десетина години албанците ќе имаат и трета држава на Балканот алудирајќи на дел од Македонија кој сака да прогласи независност.
Засега од македонските власти има вистински молк кога е во прашање албанскиот иредентизам и мегаломанските желби за политичка доминација.
Премиерот Рама се повеќе е насочен кон национализам и самопрогласен борец за албанската кауза иако со своите потези придонесува само за поголеми искри на Балканот, а не за помирување и градење заедничка иднина. Тој се повеќе чуствува притисок од албанската опозиција на Љуљзим Баша, а неговиот рејтинг иако е на врвот постепено опаѓа/